Operating Instruction

- 17 -
Општо ракување со телевизорот
Употребување на списокот со канали
Телевизорот ги распоредува сите меморирани
станици во Channel List.
Можете да го уредите овој список на канали, да
поставите омилени или да поставите активни станици
кои ќе бидат набројани со употреба на опциите
Channel List. Притиснете го копчето OK/TV за да ја
отворите Channel List. Можете да ги филтрирате
набројаните канали со притискање на
синото
копче или отворете го менито Edit Channel List со
притискање на зеленото копче за да направите
напредни промени во тековниот список.
Управување со списоците со омилени
канали
Можете да создадете четири различни списоци со
вашите омилени канали. Влезете во Channel List
во главното мени или притиснете го зеленото копче
додека е прикажано Channel List на екранот за да
го отворите менито Edit Channel List. Изберете го
саканиот канал на списокот. Можете да правите
повеќекратни избори со притискање на жолтото
копче. Потоа притиснете го копчето OK за да го
отворите менито Channel Edit Options и изберете
ја опцијата Add/ Remove Favourites. Повторно
притиснете го копчето OK. Поставете ја опцијата на
саканиот список на On. Избраниот канал/и ќе биде
додаден на списокот. За да отстраните канал или
канали од списокот со омилени канали, следете ги
истите чекори и поставете ја опцијата на саканиот
список на Off.
Можете да ја употребите функцијата Filter во менито
Edit Channel List за трајно да ги филтрирате
каналите во Channel list според вашите желби. Со
употреба на оваа опција Filter, можете да поставите
една од вашите четири омилени списоци да биде
прикажан секој пат кога ќе
биде отворено Channel
list. Функцијата за филтрирање во менито Channel
list ќе го филтрира само тековно прикажаниот список
со канали за да пронајде канал и да се вклучи на
него. Овие промени нема да останат следниот пат
кога ќе биде отворено Channel list.
Конфигурирање на поставувања за родителска
контрола
Опциите на менито Parental Settings можат да се
употребат да се спречат корисниците да гледаат
одредени програми, канали и употребување на
менија. Овие поставувања се наоѓаат во менито
Setup>Parental.
За да го прикажете менито за заклучување со
родителска контрола, треба да внесете PIN број.
Откако ќе го кодирате соодветниот PIN број, ќе се
прикаже
менито Parental Settings.
Заклучување на мени: Ова подесување овозможува
или оневозможува пристап до сите менија или
инсталациони менија на телевизорот.
Заклучувањена канали за возрасни: Ако е
поставена оваа опција, телевизорот ќе добива
информации за канали за возрасни од преносот
и ако ова ниво на канал за возразни е оневозможено,
пристапот
до преносот ќе биде оневозможен.
Белешка: Ако опцијата за држава во првичната инсталација
била поставена на Франција, Италија или Австрија, Maturity
Lock ќе биде поставена на 18 како предодредена вредност.
Заштита од деца: Ако оваа опција е поставена на
ON, телевизорот може да биде контролиран само од
далечинскиот управувач. Во овој случај, копчињата за
контрола на телевизорот нема да работат.
Заклучување на интернет: Ако оваа опција
е поставена на ON, апликацијата за отворање
на пребарувач во интернет порталот ќе биде
оневозможена. Поставете ја на OFF за повторно да ја
ослободите апликацијата.
Поставување на PIN: Дефинира нов PIN број.
Предодреден CICAM PIN: Оваа опција ќе се
појави како сива ако не е вметнат CI модул во CI
отворот на телевизорот. Можете да го промените
предодредениот PIN на CI CAM со употреба на оваа
опција.
Белешка: Предодредениот PIN може да биде поставен
како0000 или 1234. Ако имате дефинирано PIN (ќе биде
потребен зависно од изборот на држава) за време на
првичната инсталација, употребете го пинот што сте
го дефинирале.
Некои опции може да не бидат достапни зависно од изборот
на држава во првичната инсталација.
Електронски водич за програми (EPG)
Некои канали испраќаат информации за нивните
распореди на пренос. Притиснете го копчето Epg за
да го прегледате менито Programme Guide.
Достапни се 3 различни видови на изглед на
распоред, Timeline Schedule, List Schedule и Now/
Next Schedule. За да менувате меѓу нив, следете ги
упатствата на дното од екранот.
Распоред на временска линија
Зумирање (жолто копче): Притиснете го жолтото
копче за да ги видите настаните за поголем временски
период.
Филтер (сино копче): Прегледување на опции за
филтрирање.
Избирање на жанр (копче за превод): Го прикажува
менито Select Genre. Со употребување на оваа
карактеристика можете да ја пребарате базата на
податоци на програмскиот водич
според жанрот.
Ќе бидат пребарани достапните информаци во
програмскиот водич и резултатите коишто ќе ги
исполнуваат вашите критериуми ќе бидат обележани.
Опции (копче OK): Ги прикажува опциите за
настаните.
Детали за настани (копче Инфо): Ги прикажува
деталните информации за избраните настани.
Следен/Претходен ден (копчиња Programme +/-):
Ги прикажува настаните од претходниот
или следниот
ден.