Operating Instruction
- 12 -
ВАЖНО! Направете резервна копија на датотеките
на вашите мемориски уреди пред да ги поврзете
со телевизорот. Производителот нема да биде
одговорен за какво било оштетување на датотеки или
губење на податоци.
Одредени видови на USB уреди (на пример, MP3
плејери) или USB мемориски дискови/уреди може да
не се компатибилни со овој телевизор.
Телевизорот
поддржува FAT32 и NTFS форматирање на диск.
Додека форматирате USB мемориски дискови што
имаат меморија од повеќе од 1TB (терабајт), можете
да имате проблеми со процесот на форматирање.
Почекајте малку пред секое вклучување
и исклучување бидејќи плејерот може се уште да ги
чита датотеките. Доколку не го почекате, може да
дојде до физичко оштетување
на USB плејерот и на
самиот USB уред. Не го исклучувајте вашиот уред од
приклучницата додека пуштате датотека.
Можете да употребите USB хабови со USB влезовите
на вашиот телевизор.
Во таков случај се препорачуваа USB хабови со
надворешен извор на енергија.
Се препорачува директна употреба на USB
влезот(вите) на телевизорот ако сакате да поврзете
USB тврд
диск.
Белешка: Кога прегледувате датотеки на слики, менито
Media Player може да прикаже само 1000 датотеки на слики
што се меморирани на поврзаниот USB уред.
Мени Media Browser
Можете да пуштате датотеки со слики, музика или
филмови што се меморирани на USB диск со негово
поврзување со вашиот телевизор. Поврзете USB диск
на еден од USB влезовите што се наоѓаат странично
на телевизорот. Притискање на копчето Menu додека
сте во режим Media Browser ќе пристапи до опциите
на менијата Picture, Sound и Setup. Со повторното
притискање на копчето Menu ќе излезете од овој
екран. Можете да ги прилагодите вашите Media
Browser параметри со употреба на менито Setup.
Ракување во режим на повторување/случаен избор
Започнете го пуштањето со
копчето Play и активирајте
Сите датотеки од списокот ќе
бидат непрекинато пуштени
според првичниот редослед
Започнете го пуштањето со
копчето OK и активирајте
Истата датотека ќе биде
пуштена непрекинато
(повторување)
Започнете го пуштањето со
копчето Play и активирајте
Сите датотеки од списокот
ќе бидат пуштени еднаш по
случаен редослед
Започнете го пуштањето со
копчето Play и активирајте
Сите датотеки од списокот ќе
бидат непрекинато пуштени
според истиот случаен
редослед.
CEC и CEC RC премин
Оваа функција овозможува контролирање на уреди
кои поддржуваат CEC и коишто се поврзани преку
HDMI порти со употреба на далечинскиот управувач
на телевизорот.
Опцијата CEC во менито Setup>More треба првично
да биде поставена како Enabled. Притиснете го
копчето Source и изберете го HDMI влезот на
поврзаниот CEC уред од менито Sources List. Кога ќе
се поврзе нов CEC изворен уред, тој ќе биде набројан
во изворното мени со неговото име наместо името
на поврзаната HDMI порта (како што е DVD плејер,
рекордер 1 итн).
Далечинскиот управувач на телевизорот автоматски
може да ги врши главните функции откако ќе се
избере поврзаниот HDMI извор.
За да ја прекинете оваа операција и повторно да
го контролирате телевизорот преку далечинскиот
управувач, притиснете го копчето Quick Menu
на далечинскиот управувач, обележете CEC RC
Passthrough и поставете го на Off со притискање на
левото или десното копче. Оваа карактеристика исто
така може да биде активирана или деактивирана под
менито Setup>More.
Телевизорот исто така ја поддржува карактеристиката
ARC (повратен аудио канал).
Оваа карактеристика е
аудио врска наменета да ги замени другите кабли
меѓу телевизорот и аудио системот (A/V приемник
или систем на звучници).
Кога ARC е активен, телевизорот не го исклучува
звукот на другите аудио излези автоматски. Затоа
ќе треба рачно да ја намалите јачината на звукот
на телевизорот до нула, ако сакате да
слушате звук
само од поврзаните аудио уреди (исто како и другите
оптички или коаксијални дигитални аудио излези).
Ако сакате да го промените нивото на јачина на звук
на поврзаниот уред, треба да го изберете тој уред
од списокот со извори. Во тој случај, копчињата за
контрола на јачина на звук ќе бидат насочени кон
поврзаниот аудио уред.
Белешка: ARC е поддржан само преку HDMI1 влезот.
Аудио контрола на системот
Овозможува употреба на аудио засилувач/приемник
со телевизорот. Јачината на звук може да се
контролира со употреба на далечинскиот управувач
на телевизорот. За да ја активирате оваа опција,
поставете ја опцијата Speakers во менито Setup>More
на Amplifier. Звукот на звучниците на телевизорот ќе
биде исклучен и звукот на гледаниот извор ќе биде
обезбеден од поврзаниот звучен систем.
Белешка: Аудио уредот треба да ја поддржува
карактеристиката System Audio Control и опцијата CEC
треба да биде поставена на Enabled.










