Operating Instruction

- 11 -
Вклучување/Исклучување
Вклучување на телевизорот
Поврзете го кабелот за напојување во избор на
електрична енергија како што е штекер (наизменична
струја од 220-240V, 50 Hz).
За да го вклучите телевизорот од режим на мирување,
направете едно од следното:
Притиснете го копчето Standby, Programme +/-
или нумеричко копче на далечинскиот управувач.
Притиснете го страничниот прекинувач за
функции на телевизорот додека
телевизорот не
се вклучи од мирување.
Исклучување на телевизорот
Притиснете го копчето Standby на далечинскиот
управувач или притиснете го страничниот прекинувач
за функции на телевизорот додека телевизорот не се
префрли во режим на мирување.
За целосно да го исклучите телевизорот,
исклучете го кабелот за напојување од штекерот.
Белешка: Кога телевизорот ќе се префрли во режим на
мирување, LED-светилката за мирување може да трепка за
да укаже дека карактеристика како што се Standby Search,
Over Air Download или Timer е активна. LED-светилката
може да трепка и кога ќе го вклучите телевизорот од
режим на мирување.
Првична инсталација
Кога ќе се вклучи за прв пат, ќе се прикаже екранот
за избор на јазик. Изберете го саканиот јазик
и притиснете OK.
На следниот екран, поставете ги вашите параметри
со употреба на копчињата со стрелки.
Белешка: Зависно од изборот на држава, во оваа фаза
може да бидете замолени да поставите и потврдите PIN.
Избраниот PIN не може да биде 0000. Морате да го внесете
ако сте замолени да внесете PIN за секоја понатамошна
операција на мени.
Избирање на тип на пренос
Етерен: Ако биде активирана опцијата за
пребарување на пренос Aerial, телевизорот ќе
пребарува дигитални етерни преноси откако другите
првични поставувања ќе бидат направени.
Кабловски: Ако биде активирана опцијата за
пребарување на пренос Cable, телевизорот ќе
пребарува дигитални кабловски преноси откако
другите првични поставувања ќе бидат направени.
Според вашите други параметри
, порака за потврда
може да биде прикажана пред започнувањето на
пребарувањето. Изберете YES и притиснете OK
за да продолжите. За да откажете, изберете NO
и притиснете OK. Можете да изберете Network или
да поставите вредности како Frequency, Network
ID и Search Step. Кога ќе завршите, притиснете го
копчето OK.
Белешка: Времетраењето на пребарување ќе се смени
зависно од избраниот чекор на пребарување.
Аналогни: Ако биде активирана опцијата за
пребарување на пренос Analogue, телевизорот
ќе пребарува дигитални аналогни преноси откако
другите првични поставувања ќе бидат направени.
Исто така, можете да си поставите тип на пренос
како омилен. Ќе му се даде предност на избраниот
тип на пренос за време на процесот на пребарување
и неговите канали ќе бидат набројани на врвот од
списокот со канали. Кога ќе завршите, притиснете OK
за да продолжите.
Можете да ја активирате опцијата Store Mode во оваа
фаза.
Оваа опција ќе ги конфигурира поставувањата на
вашиот телевизор за продавница. Оваа опција е
наменете само за употреба во продавница.
Се препорачува
да изберете Home Mode за домашна
употреба. Оваа опција ќе биде достапна во менито
Setup>More и понатаму може да биде вклучена/
исклучена.
Притиснете го копчето OK на далечинскиот управува
за да продолжите и ќе се прикаже менито Network/
Internet Settings. Погледнете во делот Connectivity
(Поврзливост) за конфигурирање на физички
поврзана или безжична
врска. Откако ќе ги завршите
поставувањата, притиснете го копчето OK за да
продолжите.
За да прејдете на следниот чекор без да правите
промени, притиснете го копчето Rapid advance на
далечинскиот управувач.
Откако ќе бидат направени првичните поставувања,
телевизорот ќе почне да пребарува достапни преноси
од избраните типови на пренос.
Резултатите од скенирањето
ќе бидат прикажани
откако достапните станици ќе бидат меморирани.
Притиснете OK за да продолжите. Потоа ќе се
прикаже менито Edit Channel List. Можете да го
уредите списокот на канали според вашите желби
или да го притиснете копчето Menu за да излезете
и да гледате телевизија.
Додека трае пребарувањето, може да се појави
порака со прашање дали сакате да ги распоредите
каналите според LCN(*). Изберете Yes и притиснете
OK за да продолжите.
(*) LCN е системот Logical Channel Number којшто ги
организира достапните преноси според препознатлива
секвенца на број на канал (ако е достапен).
Белешка: Не го исклучувајте телевизорот додека ја
вршите првичната инсталација. Имајте на ум дека некои
опции нема да бидат достапни зависно од изборот на
држава.
Пуштање на медиуми преку USB влез
Можете да поврзете надворешни мемориски дискови
или USB мемориски уреди од 2,5” и 3.5” инчи (надворешни
мемориски дискови со надворешен извор на енергија) на
вашиот телевизор со употреба на USB влезовите на
телевизорот.