Operating Instructions

Македонски
Не употребувајте го ТВ-уредот во медицински
институции или на локации каде што има медицинска
опрема. Радиобрановите можат да доведат до
попречување на медицинската опрема и да дојде до
несреќа поради дефект.
Радиобранови
Предупредување
Не употребувајте го ТВ-уредот во близина на опрема за
автоматска контрола, како автоматски врати или
аларми за пожар. Радиобрановите можат да доведат до
попречување на опремата за автоматска контрола и да
дојде до несреќа поради дефект.
Доколку имате вграден пејсмејкер, одржувајте
оддалеченост од најмалку 22 см до ТВ-уредот.
Радиобрановите можат да доведат до попречување на
работењето на пејсмејкерот.
Не расклопувајте го или не менувајте го ТВ-уредот на
кој било начин.
Не употребувајте го вградениот безжичен LAN за да го
поврзувате со која било безжична мрежа (SSID*) што
немате право да ја користите. Овие мрежи можат да се
појават во листата на пребарување. Како и да е,
користењето на овие мрежи може да се смета како
нелегален пристап.
*SSID е име што се користи за идентификација на
одредена мрежа.
Не изложувајте го вградениот безжичен LAN на високи
температури, на директна сончева светлина или на
влага.
Пренесените и примените податоци преку
радиобранови можат да бидат задржани и проследени.
Вградениот безжичен LAN користи 2,4 GHz и 5 GHz
фреквентни опсези. За да избегнете дефект или бавна
реакција предизвикана од попречување од
радиобрановите, чувајте го ТВ-уредот подалеку од уреди
како што се други безжични LAN уреди, микробранови
печки, мобилни телефони и уреди што користат сигнали
од 2,4 GHz и 5 GHz кога користите безжичен LAN
адаптер.
Кога има врева како резултат на статички електрицитет
итн., ТВ-уредот може да престане да работи поради
заштита на уредите. Во овој случај, исклучете го ТВ-
уредот со копчето за вклучување/исклучување на
електричното напојување, а потоа повторно вклучете го.
Дополнителни информации за безжичниот LAN
приклучок и пристапната точка можете да најдете на
интернет-страница прикажана подолу. (Само на
англиски јазик.)
http://panasonic.net/viera/support
Вграден безжичен LAN
Внимание
Минимално растојание
Внимание
Вентилација
Обезбедете доволно простор околу ТВ-уредот за да
спречите прегрејување, што може да доведе до прерано
расипување на некои електронски компоненти.
Вентилацијата не треба да биде
попречена со покривање на
вентилациските отвори со
весници, табли, платна и завеси.
Кога го користите подножјето или кога не го користите,
секогаш обезбедете ги отворите на долниот дел на ТВ-
уредот да не бидат блокирани и оставете доволно
простор за соодветна вентилација.
Поместување на ТВ-уредот
Овој ТВ-уред е тежок. Ракувајте
со ТВ-уредот со две или повеќе
лица. Држете го како што е
прикажано да избегнете повреда
од превртување или испаѓање.
Внимание
Внимание
Внимание
Неправилното инсталирање може да предизвика
истекување, корозија на батериите и експлозија.
Поставувајте само исти или еквивалентни видови
батерии.
Не мешајте стари и нови батерии.
Не мешајте различни типови на батерии (како алкални и
мангански батерии).
Не користете (Ni-Cd и др.) батерии што се полнат.
Не горете ги или не раскинувајте ги батериите.
Батериите не смеат да бидат изложувани на
прекумерна топлина како сончева светлина, оган или
слично.
Осигурете се дека правилно ги поставувате батериите.
Отстранете ги батериите од уредот кога нема да го
користите подолг временски период за да спречите
истекување на батериите, корозија на батериите и
експлозија.
Пред да го поместувате ТВ-уредот, исклучете ги сите кабли.
Кога ТВ-уредот нема да го користите
подолг временски период
Доколку главниот кабел на ТВ-уредот е вклучен во
ѕидниот приклучок и покрај тоа што ТВ-уредот е поставен
во режим на исклучено, сè уште троши електрична
енергија.
Исклучете го главниот кабел од ѕидниот приклучок кога
ТВ-уредот нема да го користите подолг временски
период.
Внимание
Прекумерна јачина на звукот
Ако слушате силен звук во ушите, исклучете го звукот и
привремено прекинете со употреба на слушалките.
Не изложувајте ги вашите уши
на прекумерна јачина на звук со
слушалки. Можете да
предизвикате неповратно
оштетување на слухот.
Батерии за далечински управувач