Operating Instructions
Овој производ е лиценциран со AVC заштитена
портфолио лиценца за лична и некомерцијална
употреба на потрошувачот за (i) да кодира видеосигнал
во согласност со AVC стандардот („AVC Video“) и/или (ii)
декодира AVC видеосигнал што бил кодиран од
потрошувачот вклучен во лична и некомерцијална
активност и/или бил обезбеден од видео-операторот
овластен да обезбеди AVC видеосигнал. Не се
доделува лиценца или не се подразбира лиценцата за
која било друга употреба.
Дополнителни информации можат да се обезбедат од
MPEG LA, LLC.
Погледнете на http://www.mpegla.com
Корпорацијата Rovi и/или нејзините поврзани
подружници не се на ниту еден начин одговорни за
прецизноста на информациите за најавените програми
или други податоци испорачани во системот GUIDE
Plus+/Rovi Guide и не можат да гарантираат достапност
на услугите во вашата област. Во ниту еден случај
корпорацијата Rovi и/или нејзините поврзани
подружници не се одговорни за какви било оштетувања
во врска со достапноста на информациите за
програмата или другите податоци во системот GUIDE
Plus+/Rovi Guide.
Важни напомени
Напомена за DVB функциите/
емитувањето податоци/IPTV функциите
Овој ТВ-уред е изработен да ги задоволи
стандардите (важечки од август 2013 година) на
DVB-T [MPEG2 и MPEG4-AVC (H.264)] дигитални
земјени услуги и DVB-C [MPEG2 и MPEG4-AVC
(H.264)] дигитални кабелски услуги.
Консултирајте го вашиот локален продавач за
достапноста на DVB-T услугите во вашиот регион.
Консултирајте го вашиот кабелски сервисен оператор за
достапноста на DVB-C услугите со овој ТВ-уред.
Овој ТВ-уред може да не работи правилно со сигнал
што не ги задоволува стандардите на DVB-T или DVB-C.
Сите карактеристики не се достапни, во зависност од
земјата, регионот, емитерот и операторот на услугата.
Сите CI модули не работат правилно со овој ТВ-
уред. Консултирајте го вашиот сервисен оператор за
достапноста на CI модулот.
Овој ТВ-уред може да не работи правилно со CI
модулот што не е одобрен од сервисниот оператор.
Дополнителни трошоци можат да се пресметаат во
зависност од сервисниот оператор.
Компатибилноста со идните услуги не е гарантирана.
Проверете ги последните информации за достапните
услуги на следната интернет-страница. (Само на
англиски јазик.)
http://panasonic.net/viera/support
Panasonic не гарантира за работењето и перформансите
на надворешните уреди од страна на други производители
и не презема никаква одговорност или штета што
произлегуваат од работењето и/или перформансите од
употребата на надворешните уреди од друга марка.
Пренесувајте го ТВ-уредот само во исправена положба.
Македонски










