Operating Instructions
Интернет-страница: http://www.panasonic.net
Македонски
Забелешка за корисникот
Бројот на моделот и серискиот број на овој производ можат да се најдат на неговиот заден дел. Потребно е да го
забележите овој сериски број во празниот простор даден подолу и да го зачувате ова упатство, плус вашата сметка за
купување, како трајна забелешка за купувањето за да помогнете при идентификација во случај на кражба или
губење, и при користење на услугите од гаранцијата.
Број на моделот Сериски број
Информации за корисниците при собирање и отстранување на стара опрема и искористени
батерии
Овие симболи на производите, пакувањето и/или придружните документи значат дека искористените
електронски производи и батерии не треба да се мешаат со обичниот отпад од домаќинството. За
соодветен третман, обновување и рециклирање на старите производи и искористените батерии, ве
молиме да ги однесете на означените собирни места, во согласност со вашиот национален закон и
директивите 2002/96/ЕС и 2006/66/ЕС.
Со правилно отстранување на овие производи и батерии, ќе помогнете да се зачуваат значајните извори
и ќе се спречат сите потенцијални негативни ефекти врз здравјето на луѓето и околината што во
спротивно можат да се зголемат при несоодветното управување со отпадот.
За повеќе информации околу собирањето и рециклирањето на старите производи и батерии, ве молиме
да ја контактирате вашата локална општина, вашата компанија за отстранување отпад или продажното
место каде што сте ги купиле производите.
Постои можност да бидете казнети за несоодветно отстранување на овој отпад, во согласност со
националниот закон.
За бизнис-корисниците во Европската унија
Доколку сакате да ја исфрлите електричната и електронската опрема, за понатамошни информации, ве
молиме да го контактирате вашиот продавач или испорачател.
[Информации за отстранување во другите земји надвор од Европската унија]
Овие симболи се важечки само во Европската унија. Доколку сакате да ја исфрлите оваа опрема, ве
молиме да ги консултирате локалните власти или продавачот и да се распрашате за вистинскиот начин
на отстранување.
Напомена за симболот за батеријата (подолу се дадени два примера за
означување):
Овој симбол може да се користи во комбинација со хемиски симбол. Во овој случај тој одговара на
барањата утврдени во директивата за хемиски соединенија.










