Модел бр. Македонски Упатство за употреба LCD телевизор За повеќе детални инструкции, погледнете во [eHELP] (Електронско упатство за помош) (Вградено упатство за употреба). Како да го користите [eHELP] (Електронско упатство за помош) (стр. 15). Ви благодариме што го купивте овој производ на Panasonic. Ве молиме, прочитајте ги внимателно овие инструкции пред да ракувате со овој производ и задржете ги за натамошна употреба. Сликите прикажани во упатството служат само за пример.
За информации за заштитните марки, обратете се на [eHELP] (Support > Licence). Содржина Бидете сигурни дека сте прочитале Важни напомени ..................................................... 3 Мерки за безбедност Упатство за брз почеток Додатоци................................................................. 6 Поврзувања ............................................................ 6 Идентификување команди.................................... 11 Автоматско поставување за првпат .....................
Важни напомени Пренесувајте го ТВ-уредот само во исправена положба. Напомена за DVB функциите/ емитувањето податоци/IPTV функциите Овој ТВ-уред е изработен да ги задоволи стандардите (важечки од август 2013 година) на DVB-T [MPEG2 и MPEG4-AVC (H.264)] дигитални земјени услуги и DVB-C [MPEG2 и MPEG4-AVC (H.264)] дигитални кабелски услуги. Консултирајте го вашиот локален продавач за достапноста на DVB-T услугите во вашиот регион.
Мерки за безбедност Прашајте го вашиот локален продавач на Panasonic да изврши инсталирање или поставување на држачот за на ѕид. За да избегнете ризик од електричен удар, пожар и оштетување на производот, ве молиме следете ги предупредувањата и напомените што се набројани подолу: Не применувајте сила или удари на панелот за прикажување.
Радиобранови Предупредување Не употребувајте го ТВ-уредот во медицински институции или на локации каде што има медицинска опрема. Радиобрановите можат да доведат до попречување на медицинската опрема и да дојде до несреќа поради дефект. Не употребувајте го ТВ-уредот во близина на опрема за автоматска контрола, како автоматски врати или аларми за пожар. Радиобрановите можат да доведат до попречување на опремата за автоматска контрола и да дојде до несреќа поради дефект.
LCD телевизор Додатоци Далечински управувач (стр. 11) Декларација за согласност (DoC) „Со ова Panasonic Corporation изјавува дека овој ТВуред е во согласност со суштинските барања и другите релевантни одредби од Директивата 1999/5/EC“.
Прикачување/отстранување на подножјето Шраф за монтирање (4) Шраф за монтирање (4) Држач (2) Основа Монтирање на подножјето Отстранување на подножјето од ТВ-уредот Бидете сигурни дека го отстранувате подножјето во правилна насока кога употребувате држач за на ѕид или кога повторно го пакувате ТВ-уредот. 1 Отстранете ги шрафовите за монтирање од ТВуредот. 2 Повлечете го нанадвор подножјето од ТВ-уредот. 3 Отстранете ги шрафовите за монтирање од држачот.
Поврзувања Прикажаната надворешна опрема и каблите не се испорачани со овој ТВ-уред. Ве молиме, бидете сигурни дека уредот е исклучен од главниот приклучок пред да прикачувате или пред да исклучувате некој кабел. Проверете дали терминалите и приклучоците на каблите се соодветни кога ги поврзувате. Користете целосно жичен кабел, соодветен HDMI кабел. Користете целосно жичен кабел, SCART кабел. Чувајте го ТВ-уредот подалеку од електронската опрема (видеоопрема итн.) или од опрема со инфрацрвен сензор.
Аудио-/видео-уреди Мрежа За да користите интернет-услуги, потребно ви е широкопојасно мрежно опкружување. Ако немате широкопојасни мрежни услуги, ве молиме консултирајте се со вашиот продавач за помош. Подгответе го интернет-опкружувањето за жичено или безжично поврзување. Поставувањето на мрежното поврзување ќе почне кога за првпат ќе го употребите ТВ-уредот (стр. 13).
Камкордер/опрема за игри (ВИДЕООПРЕМА) ТВ-уред (За гледање) (За слушање) Опрема за игри Камкордер Засилувач (За да слушате со звучници) Заеднички интерфејс Секогаш кога го ставате или вадите модулот CI исклучете го ТВ-уредот од главниот преклопник за вклучување/исклучување (On/Off). Доколку во комплет доаѓаат смарт-картичка и CI модул, прво поставете го CI модулот, а потоа поставете ја смарт-картичката во CI модулот. Поставете го модулот докрај во правилна насока, како што е прикажано.
Идентификување команди 8 9 Далечински управувач 10 11 12 13 14 15 16 17 18 19 20 21 22 23 24 Ја прикажува листата со канали. [Option Menu] (Мени со опции) Едноставно нагодување на опциите за гледање, звук и друго. Копчиња во боја (црвено-зелено-жолто-сино) Се користат за одбирање, движење и ракување со различни функции. Зголемување/намалување на јачината на звукот Нумерички копчиња За да ги промените каналите и телетекстстраниците. За да нагодите знаци.
Инсталирање/отстранување на батериите Повлечете за да отворите Закачка Затворете Забележете го правилниот поларитет (+ или -) Показател/Контролен панел Кога ќе ги притиснете копчињата 1, 2 и 3, ќе се прикаже водичот на контролниот панел на десната страна на екранот за време од три секунди за да го означи притиснатото копче. Задна страна на ТВ-уредот 1 Одбирање на режимот на внесување Притиснете повеќепати сè додека не дојдете до посакуваниот режим.
Автоматско поставување за првпат Кога за првпат ќе го вклучите ТВ-уредот, тој ќе се постави автоматски и ќе ги пребара достапните ТВканали. Овие чекори не се потребни доколку поставувањето е направено од страна на вашиот локален продавач. Ве молиме да ги комплетирате поврзувањата (стр. 811) и нагодувањата (доколку е потребно) на поврзаната опрема пред да почне Auto Setup (Автоматско поставување). Прочитајте во упатството за употреба на опремата за деталите за нагодувањата на поврзаната опрема.
Операции Режимите на одбирање можат да варираат во зависност од зачуваните канали. Одберете Вклучете го напојувањето (ТВ-уред) или Пристапете Исто така, можете да одберете режим со повеќекратно притискање на копчето TV. Ако менито [TV Selection] не се прикаже, притиснете го копчето TV за да го промените режимот. (Далечински управувач) Преклопникот за вклучување/исклучување на главното напојување треба да биде поставен на вклучено (стр. 12). Ќе се прикаже последно гледаниот [Home Screen] (Основен екран).
Како да го користите eHELP (Електронско упатство за помош) [eHELP] (Електронско упатство за помош) е детално упатство за ракување што е вградено во ТВ-уредот и ќе ви помогне за подобро запознавање со секоја карактеристика. Прикажете го [eHELP] или Ако ова не ви е прво гледање на [eHELP], кога ќе го вклучите ТВ-уредот, ќе се прикаже екранот за потврдување за да одберете помеѓу [First Page] (Прва страница) или [Last Page] (Последна страница).
Најчесто поставувани прашања Пред да побарате услуга или помош, ве молиме следете ги следниве едноставни упатства за да го решите проблемот. За повеќе информации, погледнете во [eHELP] (Support>FAQs). ТВ-уредот не се вклучува. ТВ-уредот преминува во состојба на мирување. Активирана е функцијата за автоматско преминување во состојба на мирување. Далечинскиот управувач не работи или е во прекин. (стр. 12) Дали ТВ-уредот е вклучен? Можеби батериите се ослабени. Заменете ги.
Спецификации ТВ-уред HDMI 1 / 2 влез TYPE A приклучоци Овој ТВ-уред ја поддржува функцијата „HDAVI Control 5“. Име на модел Приклучок за картичка Модел од 42 инчи Вообичаен интерфејс-приклучок (соодветен со CI Plus) x 1.
Кога го употребувате држачот за монтирање на ѕид Репродукција на NTSC лента од некои PAL видеорекордери (VCR). Ве молиме, контактирајте го вашиот локален продавач на Panasonic за да го набавите препорачаниот држач за монтирање на ѕид. Отвори за инсталирање на држачот за монтирање на ѕид: Репродукција од M.NTSC видеорекордери (VCR). Задна страна на ТВ-уредот Модел од 42 инчи (Само за AV влез) а: 200 мм b: 200 мм Репродукција од NTSC видеорекордери (VCR).
Информации за корисниците при собирање и отстранување на стара опрема и искористени батерии Овие симболи на производите, пакувањето и/или придружните документи значат дека искористените електронски производи и батерии не треба да се мешаат со обичниот отпад од домаќинството. За соодветен третман, обновување и рециклирање на старите производи и искористените батерии, ве молиме да ги однесете на означените собирни места, во согласност со вашиот национален закон и директивите 2002/96/ЕС и 2006/66/ЕС.
ɆȺɄȿȾɈɇɂȳȺ ɆȺɄȿȾɈɇɂȳȺ ɆȺɄȿȾɈɇɂȳȺ ɆȺɄȿȾɈɇɂȳȺ ɆȺɄȿȾɈɇɂȳȺ ɆȺɄȿȾɈɇɂȳȺ ɆȺɄȿȾɈɇɂȳȺ ɆȺɄȿȾɈɇɂȳȺ ɆȺɄȿȾɈɇɂȳȺ ɆȺɄȿȾɈɇɂȳȺ ɆȺɄȿȾɈɇɂȳȺ ɆȺɄȿȾɈɇɂȳȺ ɆȺɄȿȾɈɇɂȳȺ ɆȺɄȿȾɈɇɂȳȺ ɆȺɄȿȾɈɇɂȳȺ ɆȺɄȿȾɈɇɂȳȺ ɆȺɄȿȾɈɇɂȳȺ ɆȺɄȿȾɈɇɂȳȺ ɆȺɄȿȾɈɇɂȳȺ ɆȺɄȿȾɈɇɂȳȺ ɆȺɄȿȾɈɇɂȳȺ ɆȺɄȿȾɈɇɂȳȺ ɆȺɄȿȾɈɇɂȳȺ ɆȺɄȿȾɈɇɂȳȺ ɆȺɄȿȾɈɇɂȳȺ ɆȺɄȿȾɈɇɂȳȺ ɆȺɄȿȾɈɇɂȳȺ ɆȺɄȿȾɈɇɂȳȺ ɆȺɄȿȾɈɇɂȳȺ ɆȺɄȿȾɈɇɂȳȺ ɆȺɄȿȾɈɇɂȳȺ ɆȺɄȿȾɈɇɂȳȺ ɆȺɄȿȾɈɇɂȳȺ ɁȿɆȳȺ Video Data (BG&WG Service Center) Video Data (DG Service Center) Lit Elektron Trinitron Eprom Saro Kompani Vat Frigo Krakom Amper Filka Servi