Operating Instruction

Проблеми и решенија
Пред да побарате помош од сервисот, направете
ги следните проверки. Ако се сомневате за некои
од проверките или ако дадените решенија не го
поправат проблемот, советувајте се со вашиот
набавувач за инструкции.
Bluetooth
®
Системот не може да се спои со друг уред.
Проверете ја Bluetooth® опцијата на уредот.
Уредот е надвор од опсегот од 10 метри.
Приближете го уредот до системот.
Уредот не може да се поврзе.
Поврзувањето е неуспешно. Обидете се повторно.
Поврзувањето на уредот е заменето. Обидете се
повторно.
Системот може да е поврзан со друг уред.
Исклучете го другиот уред и обидете се повторно.
Уредот е поврзан, но не се слуша звукот од
системот.
За некои вградени Bluetooth® уреди треба рачно да го
подесите аудио излезот на “SC-HC29”. Прочитајте го
упатството на уредот за повеќе информации.
Звукот од уредот е прекинат.
Уредот е надвор од опсегот од 10 метри.
Приближете го уредот до системот.
Тргнете ги сите пречки меѓу системот и уредот.
Пречат други уреди кои користат фреквенција од 2.4
GHz (безжичен рутер, микробранови, безжични
телефони итн.). Преместете го уредот во близина
на системот и оддалечете го од другите уреди.
Изберете “MODE 1” за стабилна комуникација.
NFC поврзувањето на допир не работи.
Осигурајте се дека NFC опцијата на NFC-
компатибилниот уред е вклучена.
Повторно допрете и држете го уредот на NFC зоната
на допир на системот.
Плејбек сликата и звукот не се синхронизирани.
Рестартирајте ја плејбек апликацијата на уредот.
Поврзете го уредот со системот преку аудио кабел
(не е доставен).
Чести проблеми
Далечинското не работи.
Проверете дали батериите се поставени правилно.
Звукот е лош или нема звук.
Подесете го звукот на системот.
Исклучете го системот, најдете и поправете го проб-
лемот и повторно вклучете го. Може да е предизвикано
од прегревање на звучниците, многу гласна музика или
користење на уредот во топла средина
Може да се слушне шум од звучниците.
Има кабли или флуоресцентно светло во близина на
каблите. Чувајте ги другите уреди и кабли подалеку од
каблите од системот.
Се слуша бучава.
Во зависност од уредот, може да се слушне бучава ако
уредот е поврзан со AUX IN и DC OUT терминалите во
исто време. Исклучете го кабелот од DC OUT
терминалот.
Диск
Екранот не се прикажува правилно. Музиката не
почнува.
Дискот не е правилно поставен. Повторно пробајте.
Дискот е валкан. Исчистете го.
Заменете го дискот ако се изгребе, оштети или ако не е
стандарден
Има кондензација. Оставете го системот да се исуши 1
до 2 часа.
USB
USB уредот и содржините не се читаат.
Форматот на USB уредот или содржините не се
компатибилни со системот.
USB уредите со капацитет поголем од 32 GB не
работат во некои услови.
USB уредот е бавен.
Содржината е голема и на уредот му треба повеќе
време да ја прочита.
Прикажаното изминато време е различно од
реалното време.
Префрлете ја содржината на друг USB уред или
зачувајте ги податоците и форматирајте го USB
уредот.
Радио
Звукот е лош.
Користете надворешна антена. Антената треба да се
инсталира од квалификуван техничар.
Има пречки во звукот.
Исклучете го телевизорот или преместете го
подалеку од системот.
Преместете ги телефоните подалеку од системот
ако пречките се почести.
13
RQT9874