Operating instructions

Упатство за употреба
ЦД Стерео систем
Производ: SC-AKX200
Ви благодариме за купувањето на овој производ.
За оптимални перформанси и безбедност, Ве молиме внимателно
прочитајте го упатството и зачувајте го за идни потсетувања.
Произведено од: Panasonic Corporation
Кадома, Осака, Јапонија
Увозник за Европа: Panasonic Marketing Europe GmbH
Panasonic Testing Centre
Winsbergring 15, 22525 Hamburg, Germany
Панасоник Корпорација
Веб страна: http://www.panasonic.com
© Panasonic Corporation 2015
Може да постои разлика помеѓу Вашиот систем и
илустрациите во ова упатство. Упатството е применливо
за следниов систем:
Систем SC-AKX200
Главен уред SA-AKX200
Звучници SB-AKX200
Оваа ознака се наоѓа на задната надворешна страна на
производот
Отстранување на застарена опрема и потрошени
батерии
Применливо во Европската Унија и држави со
системи за рециклирање
Овие симболи на продуктите, пакувањата и/
или пропратните документи укажуваат дека
искористените електрични и електронски
производи, како и потрошените батерии не
смеат да се третираат како обичен отпад.
За соодветен третман, преработка и
рециклирање на отпадот, предадете го на
соодветен колективен центар во согласност
со националното законодавство.
Со правилно отстранување на овој отпад ќе
помогнете во спречувањето на потенцијални
негативни последици на животната средина
и човечкото здравје. Рециклирањето на
отпадот ќе помогне во зачувувањето на
природните богатства.
За повеќе информации во однос на
собирањето и рециклирањето на отпадот,
контактирајте ги локалните власти.
За несоодветно отстранување на овој
отпад постои можност вашето национално
законодавство да предвидува и казни.
Забелешка за симболот на батеријата (на
долната страна):
Овој симбол може да се користи и во
комбинација со хемиски симбол. Во овој
случај батериите ги задоволуваат барањата
утврдени со Директивата кои се однесуваат
на хемискиот состав.
Лиценци
Bluetooth
®
знакот и логото се регистрирани заштитни
марки во сопственост на Bluetooth SIG, Inc. и нивната
употреба од страна на Panasonic Corporation е
лиценцирана. Останатите заштитни марки и нивните
имиња се оние на нивните соодветни сопственици
Google Play и Android се заштитни марки на Google Inc.
Технологијата за кодирање аудио според MPEG Layer-3
е лиценцирана од Fraunhofer IIS and Thomson.
Мерки на претпазливост
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Се однесува за уредот:
За да го намалите ризикот од пожар, електричен удар
или оштетување на производот,
Не го изложувајте производот на дожд, влага,
капење или прскање;
Не поставувајте предмети полни со течност врз
производот, како на пример вазни;
Користете ги само препорачаните додатоци;
Не го отворајте капакот;
Не се обидувајте да го поправате овој производ
самите. Обратете се во овластен сервис;
Не дозволувајте метални предмети да паднат во
производот.
ВНИМАНИЕ!
За уредот
За да го намалите ризикот од пожар, електричен удар
или оштетување на производот:
Не го поставувајте во плакар,вграден ормар или
друг затворен простор.Обезбедете простор за
проветрување на производот;
Не ги блокирајте отворите за вентилација со новини,
прекривки, завеси и слични предмети;
Не ставајте извори на оган, како на пример свеќи, на
овој производ.
Овој уред е наменет за користење во умерена клима.
Мобилните телефони можат да предизвикаат радио
пречки на овој уред. Ако се случи ова зголемете ја
оддалеченоста помеѓу овој уред и мобилниот телефон.
Овој уред користи ласер. Користењето на контроли,
прилагодувања и изведба на дејствија кои не се
наведени во овој документ може да резултира со
штетно изложување на радијација.
Поставете го овој уред на рамна површина, подалеку
од директна сончева светлина, високи температури,
висока влажност и прекумерни вибрации
Кабел за напојување
Кабелот за напојување со наизменична струја е уред
кој може да се исклучува. Поставете го овој уред така
што ќе има можност за брзо исклучување на кабелот од
штекерот.
Батерија
Постои опасност од експлозија на батеријата доколку
истата е неправилно заменета. Заменете ја само со тип
на батерии кои се препорачани од производителот.
Контактирајте со Вашите локални власти или со
продавницата каде што го купивте производот за
правилниот начин за одлагање на батериите.
Да не се загреваат или изложуваат на пламен.
Не ја оставајте батеријата подолг период на директна
сончева светлина во автомобил со затворени врати и
прозори.
Да не се крши, отвора и да се избегнуваат кратки
споеви на батеријата.
Не ги полнете алкалните или манганските батерии.
Не ја користете батеријата доколку е излупена.
Извадете ја батеријата доколку подолг период не го
користите далечинскиот управувач. Чувајте ја на темно
и ладно место.
За Bluetooth
®
Панасоник не е одговорен на ниту еден начин за
штетите и/или загубите кои би можеле да настанат
како резултат на протекување на информации за
време на користење на безжичниот пренос.
Фреквентен појас
Системот го користи 2.4GHz фреквентниот појас.
Уверение
Овој систем е во согласност со ограничувањата на
фреквенцијата и има добиено сертификат врз основа
на законите за фреквенција. За употреба на истиот не е
неопходна дозвола.
Активностите наведени подолу се казниви со закон:
– Расклопување или модифицирање на главниот уред;
– Отстранување на индикациите на спецификацијата.
Ограничувања
Безжичниот пренос и/или употреба со сите уреди кои се
опремени со Bluetooth
®
не се загарантирани.
Сите уреди мора да се во согласност со стандардите
поставени од Bluetooth SIG, Inc.
Во зависност од спецификациите и поставките на
уредот, постои можност поврзувањето да не е успешно
или некои операции да бидат различни.
Овој систем ги поддржува безбедностите
карактеристики на Bluetooth
®
, но во зависност од
средината во која се работи и/или поставките, постои
можност овие безбедносни мерки да не се доволни.
Бидете претпазливи при безжичниот пренос на овој
систем.
Овој систем не може да пренесува податоци на друг
Bluetooth
®
уред.
Опсег за комуникација
Користете го уредот на максимална оддалеченост од 10
метри.
Опсегот може да се намали во зависност од средината
и други фактори како препреки помеѓу уредите или
пречките од други уреди.
Пречки од други уреди
Овој систем може да функционира неправилно или да
се појават пречки во звукот како резултат на мешање
на радио бранови на други Bluetooth
®
уреди или уреди
кои го користат истиот фреквентен појас (2.4 GHz).
Овој систем може да функционира неправилно доколку
радио брановите од другите станици и уреди се
премногу силни.
Намена за употреба
Овој систем е за нормална, општа употреба.
Не го употребувајте овој систем во близина на опрема
или средина која е чувствителна на радиофреквентни
пречки (аеродроми, болници, лабаратории и сл.).
Испорачана опрема
кабел за напојување со наизменична струја
AM врзувачка антена
(N1DYYYY00011)
ФМ домашна антена
(RSAX0002)
далечински управувач
(N2QAYB001019)
батерија за далечинскиот управувач
адаптер за приклучок на антена
(K1YZ02000013)
Спецификации
Ű
Засилувач
RMS излезна моќност на стерео режим
Преден канал (2 канала)
200 W по канал (4Ω), 1 kHz, 30% THD
Вкупна излезна моќност на стерео режим 400 W
█ Приемник
Претходно поставена меморија: 30 ФМ станици
15 АМ станици
ФМ Приемник
Опсег на пребарување
87.50 MHz - 108.00 MHz (Во чекори од 50 kHz)
Терминали за антена 75 Ω (небалансирано)
АМ приемник
Опсег на пребарување 522 kHz - 1629 kHz
(со интервал на пребарување од 9 kHz)
520 kHz - 1630 kHz
(со интервал на пребарување од 10 kHz)
AUX
Аудио влез: PIN приклучок (1 систем)
█ Дискови
Дискови кои ги чита (дијаметар од 8 cm или 12 cm)
CD, CD-R/RW (CD-DA, MP3)
*MPEG-1 Layer 3
Запишување и читање на податоци:
на бранова должина од 790 nm (CD)
█ USB
USB приклучок
USB стандард USB 2.0 со целосна брзина
Формат на музички содржини кои се поддржани:
MP3 (*.mp3)
Податочен систем на USB уредот FAT12, FAT16, FAT32
█ Bluetooth
®
Верзија Bluetooth
®
Ver. 2.1 + EDR
Класа Класа 2
Поддржани профили A2DP, AVRCP, SPP
Работна фреквенција 2.4 GHz band, FH-SS
Опсег до 10 метри
█ Звучници
Звучни уреди:
Вуфер 16 цм, конусен тип
Звучник 6 цм, конусен тип
Импеданца 4 Ω
Димензии (Ш х В х Д) 200 mm x 334 mm x 233 mm
Тежина 3.3 килограми
█ Општо
Напојување: AC 220 V - 240 V, 50 Hz
Потрошувачка на струја 60 W
Димензии (Ш х В х Д) 348 mm x 193 mm x 251 mm
Тежина 2,5 kg
Опсег на работна температура од 0°C до +40°C
Работен опсег на влажноста
35% - 80% RH (без кондензација)
Потрошувачка на струја во режим на подготвеност:
приближно 0,5 W
Потрошувачка на струја во режим на подготвеност
(со вклучено “BLUETOOTH STANDBY”)
приближно 0,6 W
Забелешка:
• Овие спецификации подлежат на промена без претходно
известување. Наведените тежини и димензии се приближни.
• Вкупната хармонична дисторзија се мери со дигитален
спектрален анализатор.
Ű
Забелешка во однос на дисковите:
Овој систем може да репродуцира звук од CD-R/RW со
содржина во CD-DA или MP3 формат.
Пред да се обидете да репродуцирате звук, завршете
го дискот на уредот на кој бил снимен.
Некои CD-R/RW не можат да се емитуваат поради
карактеристиките за снимање.
Ű
Забелешка во однос на USB уредот
Овој уред не гарантира конекција со сите видови на
USB уреди.
Поддржува USB 2.0 со целосна брзина.
Може да поддржи USB уреди со најмногу 32GB
меморија.
Овој уред поддржува само FAT 12/16/32 формат.
Ű
Забелешка за mp3 содржините
MP3 содржините се дефинирани како песни додека
директориумите (фолдерите) се дефинирани како
албуми.
Песните мора да бидат со .mp3 или .MP3 екстензија
Можно е песните да се емитуваат по различен
редослед од оној кој Вие сте го снимиле.
Можно е некои содржини да не работат поради
големината на секторите.
MP3 содржина на диск
Овој уред ќе препознае најмногу:
– 255 албуми
– 999 песни
– 20 сесии
Дисковите мора да се во согласност со ISO9660 ниво 1
или 2( освен за проширени формати)
MP3 содржина на USB уред
Овој уред ќе препознае најмногу:
– 800 албуми
– 8000 песни
– 999 песни во 1 албум
Поставување на звучниците
Левите и десните звучници се исти.
Не можете да ја отстраните мрежата од звучниците.
Користете ги само доставените звучници.
Може да го оштетите системот и да го намалите
квалитетот на звукот доколку употребувате други
звучници.
Белешка:
Звучниците треба да бидат поставени најмалку 10 mm
подалеку од главниот уред заради проветрување.
Поставете ги звучниците на рамна и цврста површина.
Овие звучници немаат магнетна заштита. Не ги
поставувајте во близина на телевизори, компјутери или
друга опрема која е подложна на магнетни влијанија.
Репродуцирањето на гласна музика подолг период
може да ги оштети звучниците и да го намали нивниот
работен век.
За да спречите оштетување на звучниците, намалете го
звукот во овие случаи:
– кога звукот е изобличен;
– Кога го прилагодувате квалитетот на звукот.
ВНИМАНИЕ!
Користете ги звучниците само со
препорачаниот уред.Во спротивно, можно е
да се оштети засилувачот и звучниците да
предизвикаат пожар.
Консултирајте се со овластени сервисери
доколку настане штета или при видлива
промена на работата на уредот.
• Запазете ги постапките опишани во овој
прирачник при поврзување на звучниците.
Одржување
За чистење на уредот користете само мека и сува
крпа.
Не користете алкохол, разредувач или бензин
Пред користење на хемиски третирана крпа
внимателно прочитајте ги упатствата за користење на
крпата.
Декларација за усогласеност (DoC)
Со ова, “Panasonic Corporation” изјавува дека овој
производ е во согласност со основните барања и другите
релевантни одредби од Директивата 1999/5/EC.
Корисниците можат да симнат копија од оригиналната
Декларација за усогласеност за нашите R&TTE продукти
од нашиот DoC сервер:
http://www.doc.panasonic.de
Контакт со овластен претставник: Panasonic Marketing
Europe GmbH, Panasonic Testing Centre, Winsbergring 15,
22525 Hamburg, Germany
Овој производ е наменет за општа потрошувачка.
(Категорија 3)
1 Поврзете ја АМ врзувачката антена.
Формата на антената треба да биде исправена на
својата основа се додека не кликне.
2 Поврзете ја ФМ домашната антена.
Наместете ја антената на место каде што ќе има
најдобар прием.
3 Поврзете ги звучниците.
4 Поврзете го кабелот за напојување.
Не користете кабли за напојување од друга опрема.
Заштеда на енергија
Овој уред троши мало количество на енергија дури и
кога е во режим на подготвеност (standby). Исклучете
го напојувањето доколку не го употребувате уредот.
Некои прилагодени функции ќе бидат избришани по
целосното исклучување на уредот. Потребно ќе биде
повторно да ги прилагодите.
Поврзување на опремата
Поврзете го кабелот за напојување со наизменична струја само откако ќе ги поврзете сите други делови.
4
3
2
1
Во ѕидниот штекер
Подготовка на далечинскиот
управувач
Користете алкални или мангански батерии.
Наместете ја батеријата така што половите (+ и -) ќе
бидат поставени соодветно со оние на далечинскиот
управувач.
R6/LR6, AA

Summary of content (2 pages)