Operating Instructions

7
Инсталирање на разделувачите
Овој уред е опремен со два разделувачи кои треба да се
инсталираат на долниот дел од куќиштето за да се спречи
туркање на уредот премногу блиску до ѕидот. Уредот може да се
инсталира без овие, сепак, во спротивно може да се зголеми
потрошувачката на енергија.
Поставете ги разделувачите во дупките означени на сликата.
(Разделувачите се вклучени во кесата која ги содржи
прирачникот и други делови.)
Чистење
По инсталацијата, исчистете го уредот со млака вода.
Поврзување на приклучокот во штекер
Откако уредот е приклучен, за момент сите симболи ќе се појават, и потоа вредностите ќе започнат да се
појавуваат, показател за подесување -18 °C з замрзнувач и показател 5 °C за подесување на фрижидер.
Сите копчиња на контролната табла се управуваат на допир. (Само притиснете за да го активирате копчето кое
ви е потребно.)
Забелешки:
• Ладењето може да трае подолго во летните месеци или други периоди кога температурата е повисока.
• Ако треба да го исклучите фрижидерот, почекајте барем 10 минути пред да го вклучите повторно во струја. Во
спротивно, може да се оштети компресорот.
Ако не го употребувате фрижидерот долго време, исклучете го од струја.
Собна температура
Можете да ја видите климатската класификација на фрижидерот на таблата на левата страна од фрижидерот.
Дадена е собната температура на која уредот е дизајниран да работи.
За заштеда на енергија
1. Инсталирајте го фрижидерот во сува, ладна и добро вентилирана просторија. (Ве молиме погледнете ја Страна
6 за димензии и појаснувања.)
2. Комбинацијата на фиоки и полици за најдобро искористување на капацитетот и најефикасна употреба на
енергијата во фрижидерот.
Извадете ги горната и средната фиока од фрижидерот.
Ставете ги фиоките и полиците во фрижидерот на позициите означени во делот “Делови” (Стр.8).
3. Не го преполнувајте фрижидерот за да може воздухот да циркулира.
4. Отворете ги вратите само кога е потребно и што е можно пократко.
5. Од време на време чистете ги отворите за вентилација на дното на фрижидерот со правосмукалка или слично.
6. Кога подесувате на режимот Супер Замрзнување, Најбрзо замрзнување или Супер ладно, потрошувачката на
енергија ќе се зголеми.
Македонски
7
Климатска класификација
Дозволена собна температура
SN (Продолжена умерена)
+10 °C дo 32 °C
N (Умерена)
+16 °C дo 32 °C
ST (Суптропска)
+16 °C дo 38 °C
T (Тропска)
+16 °C дo 43 °C