Operating Instructions
4
Safety instructions (continued)
4
Отстранете нечистотија или прашина од приклучокот пред да го поврзете во струја.
• Насобраната прашина на приклучокот може да предизвика влошена изолација, особено при влажни
услови. Ова може да предизвика краток спој, пожар или струен удар. Исклучете го кабелот и избришете
го со сува крпа. Никогаш не употребувајте мокра или влажна крпа.
Приклучете го уредот во струја, осигурете се дека поврзувањето е безбедно.
• Ако приклучокот не е добро поврзан може да предизвика пожар или струен удар.
Инсталирајте го фрижидерот во добро вентилирана просторија.
• Колку повеќе ладилно средство има во уредот, толку поголема треба да биде просторијата каде е инсталиран
уредот. Ако има протекување на ладилното средство, и уредот е инсталиран во мала просторија, поверојатно е
насобирање на запаливи гасови. Ова може да предизвика пожар или експлозија. За објаснување, на секои 8г
ладилно средство, ви треба најмалку 1 кубен метар простор во собата. Таблата со податоци во уредот ќе ви
каже колку ладилно средство содржи вашиот фрижидер.
Ладилното средство (R600a) употребено во фрижидерот и гасовите во материјалот за изолација
(циклопентан) се запаливи. Тие исто така бараат посебна процедура на фрлање на уредот.
• Пред да го фрлите уредот, осигурете се дека цевките на задната страна не се оштетени. Ладилното средство
или гасовите можат да предизвикаат пожар или експлозија.
Исклучете го фрижидерот пред да го чистите или одржувате.
• Во спротивно може да дојде до струен удар.
Ако има мирис на изгорено или забележите чад да излегува од фрижидерот, исклучете го веднаш од
струја и консултирајте се со овластен сервисен центар.
• Во спротивно може да дојде до пожар или струен удар.
-
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
Отворите за вентилација во уредот или вградената
структура, не смеат да бидат попречени.
• Може да дојде до пожар или експлозија бидејќи ладилното
средство не може да се распространи ако протече.
Означува опасност од повреда или оштетување на имот.
ВНИМАНИЕ
Не ставајте стаклени шишиња или садови во замрзнувачот.
• Кога содржината ќе се замрзне, стаклото може да се скрши и да ве повреди.
Не ги допирајте внатрешните делови на замрзнувачот или производите кои се складирани внатре со
мокри раце.
• Вашата кожа може да се замрзне од внатрешниот ѕид, или храната која е складирана.
Ако има дефект во струјата, избегнувајте да го отворате често фрижидерот или
да ставате неоладена храна внатре.
• Ова може да предизвика температурата да се покачи и да влијае на чистотата.
Исто така, внимавајте на просторот меѓу вратите на фрижидерот и
замрзнувачот, особено ако се двете отворени истовремено.
• Ова може да предизвика повреда.
Кога го отворате фрижидерот, внимавајте да не ги штипнете прстите на деловите
означени на сликата како “можни места за штипнување”. Особено, кога ја
отворате вратата од фрижидерот, внимавајте да не се штипнете меѓу вратите.
• Ова може да предизвика повреда.
Можни места за штипнување
Безбедносни упатства










