Operating Instructions

2
Содржина
Безбедносни упатства..................................................2
Грижа за средината.......................................................5
Инсталација....................................................................6
Делови............................................................................8
Контролна табла...........................................................9
Подесување на температура.....................................10
Употреба на корисните режими.................................10
Контрола на влажноста во фиоката “За свежи
производи............................................... ..................13
Правење на коцки мраз..............................................13
Вадење и ставање на полици...................................13
Упатства за нега и чистење ......................................14
Прашања и одговори...................................................16
Спецификации.............................................................18
Безбедносни упатства
Што значи симболот:
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Означува опасност од смрт или сериозна повреда.
Уредот може да се користи од деца над 8 години и лица со
намалени психофизички способности или недостаток на искуство и
знаење, само ако се надгледувани, им се дадени инструкции за
безбедно користење на уредот и ги разбираат вклучените ризици.
Децата не смеат да си играат со уредот. Чистењето и одржувањето
не смее да се изведува од деца без надзор.
Не складирајте експлозивни супстанци како конзерви со
аеросол со запалливо гориво во овој уред.
Запаливи супстанци како бензин, растворувачи, алкохол, етер и
течен гас (LPG) може да предизвикаат експлозии.
Не употребувајте адаптер за штекер и не приклучувајте повеќе уреди на ист адаптер.
• Ова може да доведе до прегревање, пожар или краток спој.
Не го дупнувајте, притискајте и виткајте главниот кабел, и не ставајте тешки предмети на него.
• Ова ја зголемува опасноста од пожар и струен удар. Ако главниот кабел или приклучок на уредот се оштетени,
мора да се заменат од производителот, сервисен техничар или слично за да се избегне опасност.
Не го вклучувајте фрижидерот со влечење на главниот кабел.
• Ова може да го оштети кабелот. Секогаш држете го приклучокот и повлечете го од штекерот.
Не ставајте садови со вода на горниот дел од фрижидерот.
• Водата може да ја оштети изолацијата на електричните делови и да предизвика краток спој, пожар или струен
удар.
Не прскајте запаливи гасови во близина на фрижидерот.
• Ова може да предизвика експлозија или пожар.
Не прскајте вода на или во фрижидерот.
• Ова може да предизвика пожар или струен удар.
Не го допирајте главниот приклучок со мокри раце.
Ова може да предизвика струен удар.
2
Означува дека уредот мора да биде
заземјен за да се спречи струен удар
Не расклопувајте
Немој
Направи го ова
Содржина