Operating Instructions

Дополнителни функции
Дополнително плакнење
Можете да ги исплакнете алиштата
потемелно со процесот на
дополнително плакнење.
Местење на тајмерот
Со функцијата за време можете да го
поставите времето за кога програмата да
почне.
Брзина/Економичност
Можете да ги скратите циклусите на
перење или да заштедите енергија.
Поставување на одредено време
Поставете одредено време откако сте
избрале програма и дополнителни
функции. (стр.18)
1.
Континуирано притискајте го
копчето Време додека не се појави
саканото одредено време.
2.
Притиснете го копчето Температура
или копчето за Дополнително
плакнење за да го поставите
претходно одреденото време.
Одбројувањето не е започнато.
- За да го откажете поставеното време
притиснете го копчето Време.
За да го промените претходно
поставеното време притиснете го
копчето Време, а потоа повторете
ги поставките од чекор 1.
3.
Притиснете го копчето Старт/Пауза за
да го активирате одбројувањето.
За да го откажете поставеното време
свртете го тркалцето за избор на
програма на "Off". (Сите поставки ќе
бидат откажани.)
- За да го промените претходно
поставеното време свртете го
тркалцето за избор на програма на
"Off". По повторно бирање на
програмата и опционалните функции,
повторете ја поставката од чекор 1.
Заштита за деца
Кога ќе се активира Заштита за деца,
контролите се заклучени. Ова ги спречува
децата од менување на поставките за
перење или играње со уредот.
Активирање/деактивирање на Заштита за
деца
1.
Вклучете го уредот.
2.
Притиснете и држете го копчето
Брзина/Еко 5 секунди.
Симболот ќе светне за да покаже дека
програмата Заштита за деца е активирана.
3. За да деактивирате, држете го
копчето за Брзина/Еко повторно 5
секунди (ве молиме игнорирајте три
звучни сигнали) и држете го
притиснато копчето за Брзина/Еко
притиснато сè додека не се
отклучи.
Лесно пеглање
Оваа функција го прави пеглањето
полесно со тоа што понежно ги
центрифугира вашите алишта (при 1000
врт/мин или помалку).
- По завршување на програмата,
алиштата се ротираат со прекини до 5
минути или сè додека не се отвори
вратата.
- Намалување на наборите помага при
отплеткување на алиштата.
28-Упатства за перење
Функција
Опис
Обично
перење
Нормален циклус на перење.
Брзина
Оваа функција бара
помалку време за перење и
е погодна за малку валкани
алишта.
Економич-
ност
При перење се троши
помалку струја.
Забелешка
НЕ користете детергент што не се
раствора темелно со претходно
наместената функција бидејќи
детергентот може да се згрутчи пред
почетокот на перењето и да не
истече.