Operating Instructions
Перење
6.Притиснете го Старт копчето.
Уредот почнува со снабдување на
вода по цедењето.
Потребно време
Потребното време зависи од
поставување на програмата и
температурата.
- Вистинското време може малку да
се разликува од прикажаното.
- Прикажаното време го вклучува
потребното време за водата да се
наполни и да се исцеди, а тие
варираат во зависност од притисокот
на водата, цедењето и количеството
алишта.
- Доколку алиштата во барабанот
треба да бидат избалансирани, на
пример за да се олесни
центрифугата, времето ќе биде
продолжено.
Звучниот сигнал ќе се огласи и ќе
трепка „END" на екранот кога
програмата ќе заврши, и вратата ќе
се отклучи веднаш.
Местење на ѕвоното
За да го вклучите или исклучите
ѕвоното што свири кога програмата ќе
заврши, следете ги овие упатства.
Истовремено притиснете ги и држете
ги копчето за температура и копчето
за време најмалку 3 секунди.
Ѕвоното ќе се исклучи по еден звучен
сигнал.
Ѕвоното ќе се вклучи по два звучни
сигнала.
Менување поставки за
време на перење
Откако ќе почне перењето,
Програмата, Температурата Брзината
на центрифуга, Местење време,
Дополнително плакнење, Лесно
пеглање и функцијата Брзина/Еко не
може да се сменат.
За да ја смените програмата,
температурата, Брзината на
центрифуга, Местење време,
Дополнително плакнење, лЛесно
пеглање и Брзина/Еко функцијата,
исклучете го па повторно вклучете го
уредот.
- Извадете ги алиштата и прередете ги
ако е потребно. Не оставајте ги во
барабанот премногу долго по крајот на
програмата за да се спречи пренос на
боја.
Упатства за перење -19
Забелешка
- Ако детергентот не е целосно
отстранет од алиштата со
користење на основната програма,
користете ја функцијата за
Дополнително плакнење.
- Ако полнењето е големо, алиштата
може да се залепат за
внатрешноста на барабанот. Тоа е
нормално.
- Оставете ја вратата на уредот
отворена за да може барабанот да
се исуши по отстранување на
алиштата.
Внимание
По перење на високи температури,
внимавајте да не се изгорите при
вадење на алиштата или допирање
на внатрешноста на барабанот.
Забелешка
- Секогаш кога ќе почнете со перење,
десплејот за тековен процес трепка
за да покаже која функција е во тек.
- Пред почнување на која било
програма, уредот прво ја цеди
преостанатата водата.










