Operating Instruction

Одговор на повици
Додека ѕвони телефонот, подигнете ја
слушалката.
Услуга за идентификација на повици
Овој уред има вграден систем за идентификација на дојдовни повици. Ако
се претплатите кај вашата телефонска компанија за добивање на оваа
услуга, информациите на лицето кое ве повикува ќе бидате прикажани на
екранот на уредот . Уредот може да сними информации за 50 различни
повикувачи, вклучувајќи го времето и датумот кога се примени и колку пати
ве повикале, во листа на повици. Информациите во листата на повици се
распределени од најновиот до најстариот повик. Кога ќе биде примен 51.
повик најстариот повик ќе биде избришан. Користејќи ја листата, автоматски
можете да се јавите назад на повикувачот. Може да ги меморирате
броевите од листата со повици во меморијата на телефонот.
Како се прикажува информацијата за повикувачот
На екранот се прикажува телефонскиот
број на повикувачот кога уредот ќе ѕвони.*
Откако ќе завршите со повикот, на екранот
ќе се прикаже времетраењето на
разговорот.
*Прикажување на приватно име
Ако примите повик од некој со исти телефонски
број мемориран во именикот на телефонот, ќе се
прикаже неговото име.
За да ја користите оваа функција, имињата и телефонските
броеви мора да бидат меморирани (с. 5).
Информациите за повикувачот нема да бидат прикажани во следните случаи:
Повикувачот се јавува од средина која нема услуга за идентификација на
повикот, поради што на екранот ќе се прикажеOUT OF AREA”.
Повикувачот побарал да не се прикажуваат неговите/нејзините информации, а
на екранот ќе се прикаже PRIVATE CALLER”.
Ако повикот доаѓа од странство и името на повикувачот и/или бројот не можат
да се добијат, на екранот ќе се прикаже LONG DISTANCE”.
Ако уредот е поврзан со PBX централа што не ја поддржува услугата за
идентификација на повици, не можете да пристапите до овие услуги.
3
TINA ROBINSON
11:50
AM
24/11
1114447777
11:50
AM
24/11