Operating instructions

Надворешната фолија е многу тенка и може да се
оштети доколку не се користи правилно. Проверете да
не e оштетена фолијата пред да почнете да ја користите
машинката. Не ја користете машинката ако фолијата е
оштетена бидејќи може да се исечете.
Двете внатрешни сечила треба да бидат на место. Ако
е поставено само едно сечило, машинката може да се
оштети.
Не се обидувајте со притисок да ја притиснете фолијата
до усните или до друг дел од лицето. Не ја поставувајте
фолијата на дамки или повредени делови од лицето.
Ако ја чистите машинката со вода, не користете солена
вода или топла вода. Не ја оставајте машинката
потопена во вода подолг период.
Чистете го надворешниот дел од машинката само со
мека и малку влажна крпа натопена во вода од чешма
со малку сапун. Не користете бензин, алкохол или
други хемикалии.
По користењето, чувајте ја машинката на место без влага.
Не ја чувајте машинката на места каде што ќе биде
изложена на директна светлина или други извори на
топлина.
Држете го приклучокот кога ја исклучувате
машинката од струја. Ако го влечете кабелот, може
да дојде до оштетување.
Не ја делете машинката со семејството или други
луѓе бидејќи може да дојде до инфекција или
воспалување.
Кога не ја користите машинката, чувајте ја секогаш во
држачот за да не дојде до гребење на надворешната
фолија.
Оваа машинка има вградена батерија што може повтор-
но да се полни. Не ја фрлајте батеријата во оган, не ја
држете до извор на топлина, не ја полнете, не ја корис-
тете и не ја оставајте во средина со висока температура.
Исклучете го уредот од штекер пред да почнете да го
чистите за да спречите електричен шок.
Користете го само доставениот АС адаптер (RE7-69)
(RE7-74 за Обединетото Кралство). Не го користете
доставениот адаптер за полнење други уреди.
Прекинете со користење доколку дојде до оштета и
неправилно работење на уредот
Вклучете го уредот во штекер каде што нема влага и
ракувајте со него со суви раце.
Никогаш не го користете АС адаптерот во бањата.
Никогаш не го мијте АС адаптерот со вода.
Не ја отстранувајте и не ја заменувајте батеријата за
повторно да го користите уредот. Ова може да
преди
звика пожар или електричен шок. Замената треба
да се изврши од авторизиран сервисен центар.
Кога не ја користите машинката, извадете ја од
адаптерот
Не го виткајте кабелот и не го намотувајте на
адаптерот.
Кабелот на адаптерот не може да се замени. Ако се
оштети, адаптерот не може да се користи и треба да се
отстрани.
4
Предупредување
Важно!
Ви благодариме што ја избравте Панасоник машинката за
бричење ES - SL41. Со нашата нова WET/DRY технологија,
можете да уживате во користењето на Панасоник машинката и
на суво и под туш за нежно и лесно бричење. Ве молиме пред
да почнете да го користите уредот да го прочитате упатството.