Operating instructions

директна сончева светлина и сл. топлински извори.
Внимателно вадете го адаптерот од напојување, во
спротивно може да се оштети. Контактирајте авторизиран
сервис ако се оштети кабелот.
Чистење на машинката
Важно
Пред употреба
Оваа машинка за суво/влажно бричење може да се користи
на сува и за влажна кожа. Можете да ја користите оваа
водоотпорна машинка во бања и да ја чистите со вода.
Симболот подолу означува влажно бричење. Тоа значи дека
рачката може да се користи во бања или под туш.
Оставете ги двата внатрешни жилети во машинката. Ако е
ставен само еден жилет, машинката може да се оштети. Ако
ја чистите машинката со вода, не употребувајте солена или
топла вода. Не оставајте ја машинката во насапунета вода
долго време. Избришете ја со ткаенина натопена во раствор
од вода и неутрален детергент. Не употребувајте
разредувачи, бензин или алкохол.
Чување на машинката
Исклучете го кабелот за напојување по употреба на
машинката. Не виткајте го кабелот околу машинката. Овој
апарат не треба да се користи од лица (вклучувајќи и деца
со намалени психички, сензорни или ментални способности,
недоволно знаење и искуство, без надзор од лице кое е
одговорно за нивната безбедност. Децата треба да бидат
под постојан надзор за да не си играат со апаратот.
Зачувајте го упатството на сигурно место.
Самочистење на полначот
Не чистете го адаптерот или полначот во вода бидејќи тоа
може да предизвика нивно оштетување или електричен
удар. Не вадете ја машинката од полначот додека ја
користите функцијата за сувобричење. Грејачот се
користи во средината околу жилетите поради што тие
стануваат екстремно жешки и можете да се изгорите.
Ставете го полначот на рамна и стабилна површина. Во
спротивно, течното средство за чистење може да се истури
и да ги обезбои производите од боја или другите површини.
Бричете се со жилетот за влажна кожа најмалку 3 недели и ќе ја
забележите разликата. Вашиот Панасоник апарат за суво /
влажно бричење бара кратко време за да се навикнете,бидејќи
на вашата брада и кожа ѝ е потребен околу еден месец за да
се навикнат за новиот метод на бричење.
Оваа машинка има водоотпорни перформанси кои се
компатибилни на стандардот “IPX5” и “IPX7”, а адаптерот има
водоотпорни перформанси кои се компатибилни на “IPX4”.
Полначот на батеријата не е водоотпорен.
Полнење на машинката
Не употребувајте кабел и адаптер различни од оние кои се
доставени со машинката. Користете го адаптерот RE7-51
Наменет само за моделот ES RT81. Приклучете го
адаптерот во ел.конектор каде нема влага и ракувајте со
суви раце. Машинката може да се загрее за време на
употреба или при полнење. Ова не укажува на дефект.
македонски
Внимание
Сечивото на машинката е многу тенко и може
лесно да се
оштети ако не се користи правилно. Проверете дали е
оштетено пред употреба. Не го употребувајте уредот ако
е оштетен жилетот, може да се повредите.
Предупредување
Исклучете го кабелот за напојување пред чистење на
машинката за да се спречи опасност од ел. удар.