Operating instructions
• Оставете ги двата внатрешни жилети во машинката. Ако
е ставен само еден жилет, машинката може да се оштети.
• Не употребувајте прекумерна сила при поставување на
надворешниот жилет на лицето. Не поставувајте го жилетот
директно на повредена кожа или бенки.
• Ако ја чистите машинката со вода, не употребувајте солена
или топла вода. Не оставајте ја машинката во насапунета
вода долго време.
• Избришете ја со ткаенина натопена во раствор од вода и
неутрален детергент. Не употребувајте разредувачи, бензин
или алкохол.
• Чувајте ја машинката на место со мала влажност.
• Не чувајте ја машинката на место каде ќе биде изложена на
директна сончева светлина или други извори на топлина.
• Држете го адаптерот за да ја исклучите машинката од
напојување. Ако го влечете кабелот, може да го оштетите.
• Не делете ја машинката со други членови од вашето
семејство или други лица. Тоа може да резултира со
инфекција.
Намена
• Оваа машинка за суво/влажно бричење може да се користи
на сува и за влажна кожа. Можете да ја користите оваа
водоотпорна машинка во бања и да ја чистите со вода.
Симболот подолу означува влажно бричење. Тоа значи
дека рачката може да се користи во бања или под туш.
Оваа машинка има вградени батерии на полнење. Не
фрлајте ги во оган, не изложувајте ги на топлина, не
полнете ги, не употребувајте и не оставајте ги во средина
со висока температура.
Предупредување
• Исклучете го адаптерот од електрично напојување
пред чистење за да спречите електричен удар.
• Употребувајте го само доставениот AC aдаптер (RE7-59).
Не употребувајте го доставениот адаптер за полнење на
други апарати.
• Запрете со употреба ако забележите неправилност во
работата.
• Вклучете го адаптерот во ел. конектор каде нема влага и
ракувајте со него со суви раце.
• Никогаш не употребувајте го адаптерот во бања или туш
кабина.
• Не мијте го адаптерот со вода.
• Не расклопувајте и не менувајте ги батериите за да
можете повторно да ја користите машинката. Тоа може
да предизвика пожар или електричен удар. За замена,
обратете се во овластен сервисен центар.
• Не виткајте го кабелот околу машинката или адаптерот.
• кабелот за напојување не може да се замени. Ако се
оштети кабелот, треба да го фрлите адаптерот.
Внимание
• Сечивото на машинката е многу тенко и може лесно да
се оштети ако не се користи правилно. Проверете дали е
оштетено пред употреба. Не го употребувајте уредот ако
е оштетен жилетот, може да се повредите.
4
• Бричете се со жилетот за влажна кожа најмалку 3 недели и
ќе ја забележите разликата. Вашиот Panasonic апарат за
суво / влажно бричење бара кратко време за да се
навикнете,бидејќи на Вашата брада и кожа и се потребни
околу еден месец за да се навикнат за новиот метод на
бричење.
Важно
Ви благодариме што ја избравте машинката Панасоник
ES-RT53/ ES-RT33. Со нашата технологија за СУВО /
ВЛАЖНО бричење ќе уживајте користејќи го овој
производ. Прочитајте го упатството пред употреба.










