Operating instructions
Складирање на апаратот за бричење
• Складирајте го апаратот по употреба на место со ниска
влажност.
• Да не се складира апаратот на места каде што ќе биде
изложен на директна сончева светлина или други извори
на топлина.
• Отстранете го кабелот за струја пред да го складирате
апаратот.
• Да не се витка кабелот за струја или да го виткате околу
апаратот.
• Чувајте го маслото подалеку од деца.
Држач за полнење и чистење
• Да не се чисти AC адаптерот или држачот за полнење и
чистење во вода зашто може да се оштети или да
предизвика електричен шок.
• Да не се отстранува апаратот од држачот додека е во тек
на работа што ја вклучува функцијата „Dry“. Се користи
грејач и просторот околу сечилата станува екстремно
жежок и можете да се изгорите.
• Поставете го држачот за полнење и чистење на
ливелирана и стабилна површина. Во спротивно течноста
за чистење може да се истури и да избели кожени
продукти или други површини. Веднаш избришете ја
истурената течност.
• Држачот за полнење и чистење ги чисти внатрешните
сечила и надворешната фолија на системот. Избришете
или измијте со вода за да ја отстраните скратената брада
во други места.
• Користете го држачот за полнење и чистење на влажност
помала од 95%.
• Зависно од околината, апаратот за бричење може да не
биде сув дури и ако го одберете режимот „Dry/Charge“. Во
овој случај, избришете ги капките вода со сува крпа.
3
Македонски










