Упатства за употреба Машинка за потстрижување (на полнење) Moдел бр. ER‑GC71/ER‑GC51 ER-GC71_51_EU.
Македонски 3 2 ER-GC71_51_EU.
Македонски Упатства за употреба (За домашна намена) Машинка за потстрижување Moдел бр. ER‑GC71/ER‑GC51 Coдржина Безбедносни мерки ......................... 6 Проблеми и решенија .....................15 Наменска употреба ...........................9 Траење на сечилото ........................16 Идентификување на делови ...........9 Траење на батеријата .....................16 Подготовка .......................................10 Отстранување на вградената батерија ...................................
Македонски ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ • Овој уред може да го користат деца над 8 години и лица со намалени физички, сетилни или ментални способности или без искуство и знаење, доколку се надгледуваат или им се дадени упатства за безбедно користење и ги разбираат можните опасности. Деца не смеат да си играат со уредот. Чистење и одржување не смее да се врши од страна на деца без надзор. • Кабелот за напојување не смее да се заменува. Ако кабелот е оштетен, адаптерот за двонасочна струја треба да се поништи.
Македонски • Овој симбол означува дека е соодветно за миење под вода. • Не го мијте со вода кога адаптерот е приклучен. • Користете го само адаптерот за двонасочна струја што е додаток со уредот. • Следниот симбол значи дека посебна монтажна единица за напојување е потребна за поврзување на електричниот уред со струјата. Типот на уредот е означен близу симболот. 5 ER-GC71_51_EU.
Безбедносни мерки Македонски За да се намали ризикот од повреда, губење на живот, струен удар, пожар, оштета на имот, секогаш следете ги мерките. Опис на симболи Следните симболи се користат за да се опише нивото на опасност, повреда и оштета на имот кога не се следат мерките и се врши неправилна употреба. ОПАСНОСТ ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ВНИМАНИЕ Означува потенцијална опасност која може да резултира во сериозна повреда или смрт.
Редовно чистете го кабелот за напојување и приклучокот за да спречите собирање на прашина. -Во спротивно има опасност од пожар поради лоша изолација заради влажност. Исклучете го адаптерот и избришете го со сува крпа. ► Во случај на неправилно работење или дефект. Веднаш запрете со користење на уредот и извадете го адаптерот ако има неправилно работење или дефект. - Може да дојде до пожар, струен удар или повреда.
Македонски ВНИМАНИЕ ► Следете ги следниве мерки Не дозволувајте метални преднети или ѓубре да го попречуваат кабелот или приклучокот на уредот. - Тоа може да предизвика струен удар или пожар поради краток спој. Не го испуштајте уредот или слично. - Тоа може да предизвика повреда. Не го виткајте кабелот околу адаптерот. -Тоа може да предизвика жицата во кабелот да се скрши и да предизвика пожар поради краток спој. Исклучете го адаптерот од струја кога не полните.
Ако батеријата истече, извршете ги следните процедури. Не ја допирајте батеријата со голи раце. - Течноста од батеријата може да предизвика слепило ако дојде во контакт со вашите очи. Не ги тријте очите. Измијте ги веднаш со чиста вода и обратете се на лекар. -Течноста може да предизвика воспаление или повреда доколку дојде во допир со кожата или облеката. Измијте се целосно со чиста вода и консултирајте лекар.
• Целосно полнење овозможува употреба од околу 40 минути. Времето на работа може да се разликува во зависност од употребата, начинот на управување и собната температура. • Можете да ја полните батеријата и пред да се испразни целосно. Како и да е, препорачливо е да се полни кога батеријата е целосно испразнета. Траењето на батеријата зависи од фактори како тоа каде се користи и складира. Подготовка Македонски Полнење на машинката • Осигурете се дека машинката е исклучена.
Ставање на додатокот чешел Поставете го додатокот на главната единица додека не кликне. • Ако додатокот не е правилно прикачен, може да се помрдне и да пострижи повеќе при употреба. Вадење на додатокот чешел Држете ја главната единица цврсто и извадете го додатокот од единицата. ► Додаток чешел [ ] Висина на потстрижување (оценка): 1 mm дo 10 mm Показател 1 2 3 4 Висина на потстрижување (mm) (оценка) 1 1.5 2 2.5 3 3.5 4 4.5 5 5.5 Показател 6 7 8 9 7 7.5 8 8.5 9 9.
Потстрижување коса Македонски • Не го користете кога е косата мокра. Мокра коса може да се залепи на кожата или да се натутка, и потешко се потстрижува. • За да ја одржите острината на сечилата, отстранете ја потстрижената коса меѓу употребите на уредот. Подесување на должина околу ушите/страни Држете ја машинката со копчето за вклучување насочено нанадвор, стрижете околу ушите и страните со подигнување на врвот од додатокот малку по малку од линијата на косата.
Држејќи ја машинката со копчето за вклучување насочена нанадвор, стрижете полека и одете цик-цак од различни насоки за да не пропуштите некои делови. Забелешки • Препорачливо е да побарате на некого да ве потстриже околу вашите уши и линија на врат. • Посакуваните резултати можат да не се постигнат ако косата е многу долга. Во овој случај, потстрижете ја косата на должина од околу 2 cm пред да ја користите машинката.
Чистење на машинката Македонски • Чистете ја машинката и сечилото по секоја употреба. (Ако не се исчистени, движењето може да стане послабо и острината да се влоши.) • Осигурете се дека машинката е исклучена. 1. Извадете ја машниката од адаптерот. За отстранување на помала нечистотија 2. Извадете го додатокот чешел и вклучете ја машинката. 3. Пуштете вода низ доводот на вода на предната страна од единицата, исплакнете темелно околу 20 секунди и потоа исклучете ја машинката.
1 2 Извадете го сечилото. 3 Прикачете го сечилото на главната единица, вклучете ја и оставете да работи околу 5 секунди. Ставете капка масло на секоја означена точка. Ставање и вадење на сечилото. Вадење на сечилото Држете ја машинката со копчето за вклучување насочено нагоре и притиснете го сечилото со палецот и фатете го со другата рака. Ставање на сечилото Поставете ја куката за прикачување (Б) на сечилото (A) на машинката и потоа притиснете додека не кликне.
Проблем Македонски Машинката престана да работи. Времето на работа е кратко. Решение Не е наполнета. Наполнете ја машинката. Или користете го адаптерот. (Види страна 10.) Батеријата се истроши при употреба. Или копчето за вклучување е оставено вклучено. Исклучете го копчето и наполнете ја машинката пред употреба. Полнење за прв пат или не се користела повеќе од половина година. Наполнете ја батеријата околу 16 часа постојано за да ја обновите.
Осигурете се дека батеријата е фрлена на официјално место за таа намена, доколку постои. Оваа слика мора да се применува кога го фрлате уредот, а не да го поправате. Ако сами го расклопувате уредот, може да предизвикате дефект. Уредот да не биде повеќе водоотпорен и да не функционира. • Извадете го адаптерот за струја од уредот. • Вклучете го уредот и користете го додека не се истроши батеријата. • Направете ги чекорите од 1 до 15 и кренете ја батеријата а потоа извадете ја.
Македонски Отстранување на стара опрема и батерии Само за Европска Унија и земји со системи на рециклирање Овие симболи на производите, пакувањата и други документи значат дека користелни електрични и електронски производи и батерии не смеат да се мешаат со обичен домашен отпад. За правилен третман, обнова и рециклирање на стари производи и батерии, ве молиме однесете ги на соодветно место за собирање во согласност со вашите закони.