Operating instructions

Држете го АС адаптерот кога го вадите од штекерот.
Влечењето може да го оштети.
Не го оштетувајте или деформирајте кабелот за струја. Не
ставајте тешки предмети врз кабелот за струја и не го
поставувајте помеѓу други предмети.
Не ја користете машинката ако кабелот за струја или АС
адаптерот се оштетени или не се цврсто приклучени во
штекер.
Кабелот за струја не може да се замени. Доколку кабелот
за струја е оштетен, адаптерот за полнење треба да го
фрлите.
Чистење на машинката
Уредот има вградени батерии за полнење. Не ги фрлајте
во оган или друг извор на толина и не ги полнете или
оставајте на места со висока температура.
Користење на машинката
Бидете сигурни дека сечилата не се оштетени или
деформирани пред употреба.
Престанете со користење ако забележите чудно работење
или проблем.
Исклучете го уредот додека ја подесувате висината на
шишање или додека го вадите чешел додатокот.
Пред секоја употреба ставете уље на деловите означени
со стрелки. (Види на страна 6.)
Уредот не смее да се користи на животни.
Не ги притискајте сечилата на кожата.
Не ја користете машинката за друга цел освен за шишање.
Уредот не е наменет за користење од страна на лица
(вклучувајќи и деца) со намалени физички, сензорни или
ментални способности или со недостаток на искуство и
знаење, освен ако не им се дадени инструкции за
користење од страна на лице одговорно за нивната
безбедност. Децата мора да имаат надзор за да се
спречи нивно играње со уредот.
Полнење на машинката
Никогаш не го користете адаптерот за полнење во бањата
или во туш кабината.
Не користете кабел за струја или адапрет за полнење
поразличен од испорачаниот адаптер за полнење
(RE9‑49/RE9‑52 за Велика Британија).
Полнете го уредот на место каде што нема да биде
директно изложен на сонце или друг вид на топлина, на
температури од 5 °C до 35 °C.
Приклучете го адаптерот за полнење во штекер каде
што нема влага и држете го со суви раце.
Не го расклопувајте уредот бидејќи ќе ја нарушите
водоотпорноста.
Ако ја чистите машинката со вода не користете солена
или топла вода. Не ја оставајте машинката подолго
време во вода.
Чистете го уредот со мека крпа натопена со вода или
сапуница. Не користете разредувач, бензен, алкохол и
други хемикалии.
Чистете го кабелот за струја често за да ја отстраните
прашината и нечистотијата.
Чување на машинката
По употреба чувајте ја машинката на место каде што нема
влага.
Не го чувајте уредот на место каде што може да
биде изложен на дирекна сончева светлина или друг
вид на топлина.
Чувајте го уљето вон дофат на деца.
2