Operating Instruction
Препораки
ТВ-екранот станува црн.
Во следниве случаи, HDMI проверувањето
зазема место и се прикажува црн екран:
- Кога „24p(4K)/24p
Output“ е поставено на „24p(4K)“ или „24p“.
- Кога „24p Output“ е
поставено на „On“.
- Кога
приказот се префрла помеѓу 2Д- на 3Д-слики.
- Кога ќе ја прекинете
4K репродукцијата на сликата со прикажување
на друг екран, вклучувајќи го и основното мени
HOME.
Овој уред не го препознава правилно
поврзувањето со УСБ.
Извадете го и повторно ставете го УСБ-кабелот.
Доколку сè уште не го препознава
поврзувањето, исклучете го и повторно вклучете
го уредот.
УСБ-уредите можат да не го препознаваат овој
уред кога ги имате поврзано следните уреди:
- УСБ-хаб.
- УСБ-продолжен кабел.
Доколку поврзете USB HDD со овој уред,
користете го УСБ-кабелот што е испорачан со
HDD.
Слика
Сликата од овој уред не се прикажува на ТВ-
уредот.
Сликата е искривена.
Одбрана е погрешна резолуција во „HDMI Video
Format. Ресетирајте го нагодувањето како што
следува:
Вклучете го уредот.
Притиснете ги, и задржете [OK], копчето со жолта
боја и копчето со сина боја на далечинскиот
управувач истовремено повеќе од пет секунди.
- LED СВЕТИЛКАТА ЗА НАПОЈУВАЊЕ ќе почне
да свети.
Притиснете ги [8] и копчето со сина боја на
далечинскиот управувач истовремено повеќе од
пет секунди.
Повторно нагодете ја ставката ( 25).
Кога Dolby Digital Plus, Dolby TrueHD и DTS-HD®
звукот не се продуцира правилно, одберете „Yes“
во „Default Settings“ ( 29) и направете ги
соодветните нагодувања.
PAL дисковите не можат правилно да се гледаат
на NTSC ТВ-уред.
Кога „3D
BD-Video Playback“ во менито „Setup“ е
поставено на „Automatic“, можно е сликите да не
се продуцираат, во зависност од методот на
поврзување. По отстранувањето на дискот од
овој уред, одберете „Set before play“ (Поставете
пред репродуцирање) во менито „Setup“ и
одберете „2D Playback“ во екранот за
поставување што е прикажан додека се
репродуцираат 3Д-дисковите ( 26).
Кога излезот е
24p(4K), сликите можат да бидат изобличени во
зависност од HDMI кабелот. Користете HDMI
кабел што поддржува 4K-излез.
Видеосодржината не се продуцира со висока
дефиниција.
Потврдете дека „HDMI Video Format“ во менито
„Setup“ е правилно нагодено ( 25).
Нема продукција на 3Д-видеосодржината.
Поврзете ТВ-уред со целосна висока
дефиниција.
Проверете да не е поврзан некомпатибилен 3Д-
засилувач/приемник помеѓу овој уред и ТВ-
уредот. ( 11)
Дали нагодувањата на овој уред и ТВ-уредот се
правилни? ( 18)
Дали е вклучен засилувачот/приемникот што е
поврзан помеѓу овој уред и ТВ-уредот?
Во зависност од поврзаниот ТВ-уред,
видеосодржината што почнува да се
репродуцира може да се префрли во 2Д-видео
поради промени во резолуциите итн. Проверете
ги 3Д-нагодувањата на ТВ-уредот.
3Д-видеосодржината не се продуцира правилно
како 2Д.
Изберете „Set before play“ (Поставете пред
репродуцирање) во менито „Setup“ и одберете
„2D Playback“ на прикажаниот екран за
поставување кога репродуцирате 3Д-дискови.
( 26, „3D BD-Video Playback“.)
Дисковите што имаат снимени наслови со
функцијата Side by Side (структура на два
екрана) во која може да се ужива во 3Д, се
репродуцираат во согласност со нагодувањата
на ТВ-уредот.
Црна лента се прикажува по краевите на екранот.
Односот на ТВ-форматот на екранот е
невообичаен.
Потврдете дека „TV Aspect“ е правилно нагоден
( 29).
Регулирајте го нагодувањето на форматот на ТВ-
уредот.










