Operating Instruction
Препораки
Водич за решавање
проблеми
Општи операции
Ова што следува не укажува на проблем кај овој
уред:
- Звуци при правилно ротирање на дискот.
- Искривување на сликата при пребарување.
-
Искривување на сликата кога поставувате 3Д-
дискови.
Дискот не може да излезе.
Пред да повикате сервис, ве молиме да ги
направите следните чекори.
Доколку проблемот остане нерешен, обратете се
до вашиот продавач за инструкции.
Уредот не реагира на далечинскиот
управувач или копчињата уредот.
Исклучете го АС главниот кабел, почекајте една
минута, а потоа повторно вклучете го АС главниот
кабел.
Дали сте ја инсталирале најновата верзија на
фирмверот?
Panasonic постојано го подобрува фирмверот за
уредот за да обезбеди корисниците да уживаат во
најновата технологија ( 14).
Вклучете го уредот.
Притиснете ги, и задржете [OK], копчето со
жолта боја и копчето со сина боја на
далечинскиот управувач истовремено повеќе од
пет секунди.
- LED СВЕТИЛКАТА ЗА НАПОЈУВАЊЕ ќе почне
да свети и „00 RET“ ќе се прикаже на екранот.
Повеќепати притиснете [ ] (десно) на
далечинскиот управувач додека да се прикаже
„06 FTO“ на екранот на уредот.
Притиснете [OK]
За да се вратите на фабрички зададените
нагодувања.
Одберете „Yes“ во „Default Settings“ (Фабрички
зададени нагодувања) во менито за
поставување (Setup menu) ( 29).
За да ги вратите сите нагодувања на фабрички
зададените.
Ресетирајте го уредот на следниот начин:
Вклучете го уредот.
Притиснете ги, и задржете [OK], копчето со
жолта боја и копчето со сина боја на
далечинскиот управувач истовремено повеќе од
пет секунди.
- LED СВЕТИЛКАТА ЗА НАПОЈУВАЊЕ ќе почне
да свети и „00 RET“ ќе се прикаже на екранот.
Повеќепати притиснете [ ] (десно) на
далечинскиот управувач додека да се прикаже
„08 FIN“ на екранот на уредот.
Притиснете и задржете на [OK] повеќе од пет
секунди.
Далечинскиот управувач не работи правилно.
Сменете ги батериите во далечинскиот
управувач ( 5).
Далечинскиот управувач и овој уред користат
различни кодови.
Вклучете го уредот со употреба на копчето
standby/on на уредот и проверете го
„Далечинскиот управувач “ што се прикажува
на екранот кога ќе го притиснете копчето на
далечинскиот управувач.
Притиснете и задржете ги [OK] и прикажаниот
број („ “) повеќе од пет секунди.
Режимот за пребарување на ТВ-уредот не се
прикажува кога е вклучен ТВ-уредот.
Ова може да се случи, во зависност од
нагодувањето на ТВ-уредот, кога „Quick Start“
(Брзо почнување) е нагоден на „On“ (Вклучено).
Во зависност од ТВ-уредот, оваа појава може да
се спречи со повторно поврзување на HDMI
кабелот во друг HDMI влезен терминал или со
менување на нагодувањето за автоматско
поврзување со HDMI.
Сте ја заборавиле лозинката за нивото на
ограничување.
Сакате да го откажете нивото на ограничување.
Нивото на ограничување се враќа на фабрички
зададеното нагодување.
Вклучете го уредот.
Притиснете ги, и задржете [OK], копчето со
жолта боја и копчето со сина боја на
далечинскиот управувач истовремено повеќе од
пет секунди.
- LED СВЕТИЛКАТА ЗА НАПОЈУВАЊЕ ќе почне
да свети и „00 RET“ ќе се прикаже на екранот.
Повеќепати притиснете [ ] (десно) на
далечинскиот управувач додека да се прикаже
„03 VL“ на екранот на уредот.
Притиснете [OK].
Уредот автоматски се исклучува.
За да заштеди електрична енергија, овој уред
автоматски се исклучува ако за време од 20
минути не ракувате со ниту едно копче додека
нема репродукција (како што се паузирањето или
прикажување на менито, прикажување на
фотографија итн.).










