Operating Instruction
Безжично поврзување со LAN
Следниве ограничувања се поставени во согласност со
користењето на овој уред. Морате да бидете свесни за овие
ограничувања пред да го користите уредот.
Panasonic не е одговорен за каква било несакана штета што
може да произлезе од непочитувањето на овие ограничувања
или за каква било состојба при користење или некористење
на овој уред.
Пренесените и примените податоци преку
радиобранови можат да бидат пресретнати или
надгледувани.
Овој уред содржи чувствителни електронски
компоненти.
Ве молиме, користете го овој уред за она за што е наменет
и следете ги следните точки:
- Не изложувајте го овој уред на високи температури или на
директна сончева светлина.
- Не притискајте го и не изложувајте го овој уред на силни
удари.
- Чувајте го овој уред подалеку од влажни места.
- Не расклопувајте го или не менувајте го овој уред на кој
било начин.
Декларација за согласност (DoC)
Со ова „Panasonic Corporation“ изјавува дека овој производ е
во согласност со суштинските барања и другите релевантни
одредби од Директивата 1999/5/EC“.
Корисниците можат да преземат копија од оригиналниот
документ DoC на нашиот R&TTE за производи од нашиот
DoC сервер:
Контакт на нашиот авторизиран претставник:
Овој производ е во согласност со радиостандардите за
следните земји.
Австрија, Белгија, Бугарија, Кипар, Република Чешка,
Данска, Финска, Франција, Германија, Грција, Унгарија,
Ирска, Италија, Исланд, Лихтенштајн, Луксембург, Малта,
Холандија, Норвешка, Полска, Португалија, Романија,
Словачка, Словенија, Шпанија, Шведска, Обединето
Кралство, Швајцарија.
Овој производ се поврзува на пристапна точка од 2,4 GHz
WLAN.
Отстранување на старата опрема и батериите
Само за Европската унија и земјите со систем за
рециклирање
Отстранување или пренос на
уредот
Уредот ги задржува информациите за корисничките
нагодувања во уредот. Доколку се ослободувате од овој уред
со отстранување или со пренос, следете ја постапката за
враќање на сите нагодувања на фабрички зададените
нагодувања за да ги избришете корисничките нагодувања.
( 30, „За да ги вратите сите нагодувања на фабрички
зададените“.)
Историјата на ракувањето може да биде снимена во
меморијата на овој уред.
Овие симболи на производите, пакувањето и/или
придружните документи значат дека
искористените електрични и електронски
производи и батерии не треба да се мешаат со
обичниот отпад од домаќинството.
За соодветен третман, обновување и рециклирање
на старите производи и искористените батерии, ве
молиме да ги однесете на означените собирни
места, во согласност со вашиот национален закон.
Со правилно отстранување на овие производи и
батерии, ќе помогнете да се зачуваат значајните
извори и ќе се спречат сите потенцијални негативни
ефекти врз здравјето на луѓето и околината.
За повеќе информации околу собирањето и
рециклирањето на старите производи и батерии,
ве молиме да ја контактирате вашата локална
општина.
Постои можност да бидете казнети за несоодветно
отстранување на овој отпад, во согласност со
националниот закон.
Забелешка за симболот на батеријата (долниот
симбол)
Овој симбол може да се користи во комбинација со
хемиски симбол. Во овој случај тој е во согласност
со барањата утврдени во директивата за хемиски
соединенија.










