Operating Instruction
Нагодувања
Систем (System)
Easy Settings (Едноставни нагодувања)
Можете да ги извршите основните нагодувања.
TV Settings (ТВ-нагодувања)
Притиснете [OK] за да се прикажат следните опции
за нагодување.
TV-Aspect (ТВ-формат)
Нагодете го да се совпадне со видот на поврзаниот
ТВ-уред.
Кога имате поврзано ТВ-уред со формат 4:3 и
репродуцирате имиџ со формат 16:9:
Црни ленти се
појавуваат на
горниот и
долниот дел од
сликата.
Страните се
отсечени така
што сликата го
исполнува
екранот.
Кога репродуцирате BD-Video,
видеосодржината ќе се
продуцира како „4:3 Letterbox“.
Кога имате поврзано ТВ-уред со широк екран 16:9
и репродуцирате имиџ со формат 4:3:
Видеосодржината се прикажува
како имиџ со формат 4:3 во
центарот на екранот.
Видеосодржината се прикажува
како хоризонтално развлечен
имиџ со формат 16:9.
TV System (Систем на ТВ-уредот)
Направете го нагодувањето така што ќе се совпаѓа
со системот на ТВ-уредот на поврзаниот ТВ-уред.
On-Screan Messages (Пораки што се
прикажуваат на екранот)
Одберете дали автоматски да се прикажуваат
статусните пораки.
Screen Saver Function (Функција за заштита
на екранот)
Оваа функција го заштитува екранот од
задржување на имиџот на екранот.
Кога е поставена на „On“ (Вклучено):
Ако е прикажана листата со содржините за
репродукција и ако нема никаква операција за
време од 10 минути или повеќе, екранот
автоматски ќе се префрли на основното мени
HOME.
Додека репродуцирате или паузирате итн., оваа
функција нема да биде достапна.
HDMI CEC
Поставете ја функцијата „HDMI CEC“ да се користи
кога имате поврзано уред што поддржува HDMI
CEC.
Одберете „Off“ кога не сакате да ја користите
функцијата „HDMI CEC“.
Quick Start (Брзо почнување)
Брзината на вклучувањето од состојба на мирување
е зголемена.
Кога е поставено на „On“, внатрешната контролна
единица ќе биде активирана и поставена во
мрежена состојба на мирување. Потрошувачката
на електрична енергија во оваа состојба ќе се
зголеми во споредба со тоа кога е поставена на
„Off“.
(Потрошувачка на електрична енергија 34.)
Start-up Banner (Банер што се прикажува при
вклучување на уредот)
Одберете дали да се прикажува банерот по
вклучување на овој уред ( 16).
Default Settings (Фабрички зададени поставки)
Оваа опција ги враќа сите вредности во менито за
поставување (Setup menu) и менито со опции (Option
menu) на фабрички зададените нагодувања, освен за
некои нагодувања во мрежата, рангирањето, кодот за
далечинското управување, јазикот што се прикажува
на екранот итн.
Remote Control (Далечински управувач)
Менување на кодот на далечинскиот управувач
доколку други Panasonic производи реагираат на овој
далечински управувач.
Update Now (Ажурирање веднаш)
Можете да направите рачно ажурирање доколку е
достапен фирмверот.
System Information (Информации за системот)
Притиснете [OK] за да се прикажат следните опции
за нагодување.
Firmware Update (Ажурирање на фирмверот)
( 14)
Притиснете [OK] за да се прикажат следните опции
за нагодување.
Automatic Update Check (Проверување на
автоматското ажурирање)
Кога овој уред ќе остане поврзан на Интернет, тој
ќе ја провери најновата верзија на фирмверот кога
ќе го вклучите и ќе можете да направите
ажурирање доколку тоа е потребно.
Software Licence (Лиценца за софтверот)
Ќе се прикаже информација за софтверот што го
користи овој уред.
Firmware Version Information (Информација за
верзијата на фирмверот)
Ќе се прикажат верзијата на фирмверот за овој
уред и безжичниот LAN модул.










