Operating Instruction

Безбедносни мерки
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Уред
За да го намалите ризикот од пожар, електричен удар или
оштетување на производот:
Не изложувајте го уредот на дожд, влага, капење или
прскање.
Не поставувајте на овој уред предмети исполнети со
течност, како вази.
Користете ги само препорачаните додатоци.
Не отстранувајте ги поклопките.
Не поправајте го сами овој уред. Сервисирајте го уредот кај
квалификуван сервисен персонал.
Не дозволувајте метални објекти да паднат во уредот.
Не поставувајте тешки предмети на уредот.
АС кабел за електрично напојување
За да го намалите ризикот од пожар, електричен удар или
оштетување на производот:
Осигурајте се дека напонот на електричното напојување
одговара на напонот што е испечатен на овој уред.
Внесете го главниот приклучок целосно во ѕидниот
приклучок.
Не влечете, не свиткувајте или не поставувајте тешки
предмети на кабелот.
Не ракувајте со приклучокот со влажни раце.
Држете го куќиштето на главниот приклучок кога го
исклучувате од електричниот приклучок во ѕидот.
Не користете оштетен електричен приклучок или ѕиден
приклучок.
Кабелот за електрично напојување се користи за исклучување
на уредот.
Инсталирајте го уредот така што приклучокот на кабелот за
електрично напојување ќе можете веднаш да го извадите од
ѕидниот приклучок доколку се појави каков било проблем.
ВНИМАНИЕ
Уред
Овој уред користи ласер. Користењето контроли или
приспособувања или извршувањето постапки што се
различни од наведените овде можат да резултираат со
опасно изложување на зрачење.
Не поставувајте на овој уред извори на отворен пламен,
како што се запалени свеќи.
При користењето на овој уред може да има попречување
предизвикано од мобилни телефони. Доколку се појави
интерференција, ве молиме зголемете ја оддалеченоста
помеѓу овој уред и мобилниот телефон.
Овој уред е наменет за користење на умерена клима.
Поставување
Поставете го уредот на рамна површина.
За да го намалите ризикот од пожар, електричен удар или
оштетување на производот:
Не инсталирајте го или не поставувајте го овој уред на
полица за книги, во вградена кабина или во друг ограничен
простор. Осигурајте се дека овој уред има добра
вентилација.
Не покривајте ги вентилациските отвори на овој уред со
весници, чаршафи, завеси и слични предмети.
На овој уред не поставувајте засилувачи/приемници или
друга опрема што се загрева. Топлината може да го оштети
уредот.
Не изложувајте го овој уред на директна сончева светлина,
високи температури, голема влажност и прекумерни
вибрации.
Батерии
Погрешно ракување со батериите може да предизвика
електролитско истекување и може да предизвика пожар.
Постои опасност од експлозија доколку батеријата не е
правилно заменета. Заменете ја само со типот што е
препорачан од производителот.
Кога ги одложувате батериите, ве молиме контактирајте ги
локалните власти или продавачот и прашајте за правилен
метод на одложување.
Не мешајте стари и нови батерии или различни типови во
исто време.
Не загревајте ги или не изложувајте ги на оган.
Не оставајте ја (ги) батеријата (батериите) во автомобил
изложени на директна сончева светлина за подолг период
на време со затворени врати и прозорци.
Не расклопувајте ги батериите или не правете краток спој.
Не обидувајте се повторно да ги наполните алкалните или
манганските батерии.
Не користете ги батериите доколку обвивката е одвоена.
Отстранете ги батериите доколку далечинскиот управувач
нема да го користите подолг период. Чувајте го во ладна,
темна просторија.
Забрана на неавторизирано
копирање на содржини
Овој уред ја прифаќа следната технологија за заштита на
авторските права.
Напомена за Cinavia
Овој производ користи технологија Cinavia за да го ограничи
правењето на неавторизирани копии на некои комерцијално
произведени филмови и видеосодржини и нивните музички
записи. Кога ќе се открие забрането користење и
неавторизирано копирање, ќе се прикаже порака и
репродукцијата или копирањето ќе бидат прекинати.
Повеќе информации за технологијата Cinavia можете да
најдете на Cinavia Online Consumer Information Centar на
http://www.cinavia.com. За да побарате дополнителни
информации за Cinavia по пошта, пратете поштенска
картичка со вашата поштенска адреса на: Cinavia Consumer
Information Centar, P.O. Box 86851, San Diego, CA, 92138, USA.
AC адаптер
AC адаптерот работи во распон на напојување од 110 и 240 V.
Доколку приклучокот на адаптерот не се совпаѓа со ѕидниот
приклучок, треба да порачате соодветен адаптер за
приклучување.