Operating Instruction

Репродуцирање
Мрежните услуги овозможуваат мноштво на
одбрани интернет-услуги како што се
следните:
Услуга за онлајн-изнајмување филмови.
Услуга за пребарување видеосодржини.
Интернет
Уживање во мрежните
услуги
Мрежните услуги овозможуваат да пристапите до
некои специфични интернет-страници поддржани од
Panasonic.
Овој уред нема комплетна
функција за пребарување и некои карактеристики на
интернет-страниците можат да не бидат достапни.
* Сликите се само како пример, содржините можат да бидат
променети без претходна најава.
Подготовка
Мрежно поврзување ( 12).
Нагодување на мрежата ( 13).
Притиснете [INTERNET].
Во Netflix можете да пристапите со директно
притискање на копчето [NETFLIX], дури и кога
уредот е исклучен.
Одберете ставка и притиснете [OK].
За да излезете од мрежните услуги
Притиснете [HOME].
Кога репродуцирате содржина од медиум, нема да можете
да пристапите до мрежните услуги со притискање на
[INTERNET].
Може да се користи УСБ-тастатура, но само за копчињата
што се прикажани на екранот. Во зависност од услугата,
можеби нема да може да се користи.
Во следните случаи, нагодувањата се возможни со
користење на ставките од менито за поставување (Setup
menu).
- Кога имате ограничено користење на мрежните услуги.
[ 28, „Заклучени мрежни услуги“ (Network Service Lock).]
- Кога го коригирате прикажувањето на времето.
[ 28, „Временска зона“ (Time Zone), „Летно сметање на
времето“ (Summer Time).]
- Кога користите друг уред како што е смартфон во
комбинација со уред со употреба на одредени апликации
на уредот.
[ 28, „Далечински операции со уредот“ (Remote Device
Operation).]
Кога користите интернет со слаба конекција, видеото може
да не се прикажува правилно. Се препорачува Интернет со
голема брзина, со најмалку 6 Mbps.
Ажурирајте го фирмверот што поскоро откако на екранот ќе
се прикаже пораката со напомена за ажурирање на
фирмверот. Ако не го ажурирате фирмверот, можеби нема
да можете правилно да ги користите функциите на
интернет-услугите ( 14).
Основниот екран на мрежните услуги (Network Service
Home Screen) е предмет на промена без претходна најава.
Услугите преку мрежните услуги (Network Servise) се
спроведуваат преку нивните соодветни провајдери и
услугите можат да бидат прекинати привремено или трајно
без претходна најава. Затоа Panasonic не дава гаранција за
содржините или за континуитетот на услугите.
Некои карактеристики на интернет-страниците или
содржините за услугите можат да бидат недостапни.
Некои содржини можат да не се прикажуваат соодветно.
Некои содржини можат да бидат достапни само за
одредени држави и можат да бидат презентирани на
специфични јазици.