Operating Instruction

Репродуцирање
Прикажување на пораките за статусот
При репродукција, притиснете [STATUS] (Статус).
Пораките за статусот ви даваат информации што се
репродуцира во моментот. Секогаш кога ќе
притиснете [STATUS], прикажаната информација
може да се смени или да исчезне од екранот.
T: Наслов, С: Поглавје, PL: Листа за репродукција.
Изминато време од насловот.
Моментална позиција.
Вкупно време.
Во зависност од медиумот и содржината, приказот
може да се промени или да не се прикаже.
На пример: BD-Video
На пример: JPEG
Уживање во 3Д-видеосодржини и
фотографии
Подготовка
Поврзете го овој уред со 3Д-компатибилен ТВ-уред
( 10).
Изведете ги неопходните подготовки за ТВ-уредот.
По инструкциите што се прикажуваат на екранот ќе
следи репродукцијата.
3Д-нагодувања ( 24, 26).
Ве молиме, воздржете се од гледање на 3Д-слики ако не се
чувствувате добро или ако се чувствувате заморено.
Доколку чувствувате вртоглавица, мачнина или некоја друга
непријатност при гледањето на 3Д-слики, престанете со
употреба и одморете ги очите.
3Д-видеото може да нема излез како што е поставено во
HDMI Video Format“ и
24p(4K)/24 Output“/ „24 Output“ ( 25).
Кога репродуцирате 3Д-фотографии од екранот „Photos“,
одберете од листата „3D“. (Фотографиите во „2Д“ се
репродуцираат во 2Д.)
Ако не се прикажат ознаките „2D“ и „3D“, притиснете го
црвеното копче на далечинскиот управувач за да го
вклучите гледањето на содржините што се репродуцираат.
Уживање во BD-Live
Со BD-Live дисковите, можете да уживате во
дополнителни содржини што користат интернет-пристап.
За оваа BD-Live функција, потребно е поврзување со
УСБ-уред заедно со интернет-поврзување.
Изведете ги поврзувањето со мрежата и
нагодувањата ( 12, 13).
Поврзете УСБ-уред со 1 GB или повеќе
слободен простор.
УСБ-уредот се користи како локална
меморија.
Поставете го дискот.
Бришење податоци на УСБ-уредот
Oдберете „USB Managеment“ во менито HOME
( 16), а потоа одберете „BD-Video Data Erase“ и
притиснете [OK].
Овие корисни функции и оперативни методи можат да се
разликуваат на секој диск, затоа ве молиме погледнете ги
инструкциите на дисковите и/или посетете ја нивната
интернет-страница.
За некои дискови можеби ќе биде потребно да се промени
BD-Live Internet Access“ ( 28).
Слајд-шоу
Репродуцирајте слајд-шоу со фотографии и нагодете
ги различните поставки за време на репродукцијата.
Поставете медиум.
Одберете „Photos“.
Одберете ставка и притиснете го зеленото
копче.
Можат да се нагодат следниве ставки.
Стартување на слајд-шоуто.
Можете да прикажувате фотографии
во одбраната папка една-по-една во
константен интервал.
Менување на интервалот за
прикажување.
Одбирање ефект за време на
менувањето на фотографиите.
Одбирање дали да се повторува
слајд-шоуто.
Фотографиите што се прикажуваат како „ “ не можат
да се репродуцираат со овој уред.