Operating Instruction
Поврзувања и нагодувања
Надградба на фирмверот
Повремено, Panasonic може да објави надградба на
фирмверот за овој уред што може да го дополни или
да го подобри начинот на работење на
карактеристиките. Овие надградби се достапни
бесплатно.
Овој уред е способен за автоматско проверување на
фирмверот кога сте поврзани со Интернет преку
широкопојасното поврзување.*
Кога е достапна нова верзија на фирмверот, се
прикажува следната порака.
Исто така, можете да ја преземете последната
верзија на фирмверот од следната интернет-
страница и да ja зачувате на УСБ-уред за да го
надградите фирмверот.
(Оваа интернет-страница е само на англиски јазик.)
НЕ ИСКЛУЧУВАЈТЕ го уредот од АС напојувањето
или не правете никаква постапка кога се врши
надградбата.
Откако ќе биде инсталиран фирмверот, уредот ќе се
рестартира и ќе се прикаже следниот екран.
Пример
За да се прикаже верзијата на фирмверот на овој уред
( 29, „Информации за верзијата на фирмверот“).
За преземањето се потребни неколку минути. Тоа може
да потрае подолго или да не работи правилно во
зависност од условите на поврзувањето.
Доколку не сакате да ја побарате најновата верзија,
нагодете го „Automatic Update Check“ (Автоматско
проверување за надградба) на „OFF" (Исклучено)“ ( 29).
* Морате да се согласите со условите за користење за
интернет-функциите и со условите за приватност.
( 16, „Забелешка“,
28, „Забелешка“).










