Operating Instruction

Поврзувања и нагодувања
Следните услуги можат да се користат кога овој уред ќе се поврзе со широкопојасната мрежа.
Можете да го ажурирате фирмверот ( 14).
Можете да уживате во BD-Live ( 18).
Можете да уживате во мрежните услуги ( 19).
Можете да пристапите до другите уреди (домашна мрежа) ( 20).
Овој уред поддржува Wi-Fi Direct® и може да се направи безжично поврзување до безжичните
уреди без рутер. Можете да ја користите оваа функција кога уживате во функцијата за домашната мрежа
Home Network итн. Кога сте поврзани преку Wi-Fi Direct®, не можете да пристапите до интернет ( 20, 27).
За детали околу начинот на поврзување, погледнете во упатствата испорачани со поврзаната опрема.
Поврзување со мрежа
Поврзување со безжичен LAN
Овој уред има вграден Wi-Fi® и може да се поврзе со безжичен рутер.
Безжичен рутер итн.
Интернет
За најновите информации за компатибилноста на вашиот безжичен рутер, видете на
http://panasonic.jp/support/global/cs/.
(Оваа интернет-страница е само на англиски јазик.)
Овој уред не е компатибилен со јавните безжични LAN услуги обезбедени на аеродромите, на станиците, во
кафетериите итн.
За мерките за претпазливост за безжичното LAN поврзување, видете на страницата 3.
Поврзување со LAN кабелот
LAN кабел
Интернет
Широкопојасен рутер итн.
Користете категорија 5 или поголема на прави LAN кабли (STP) кога поврзувате периферни уреди.
Со поставување на кабел различен од LAN кабелот во LAN терминалот можете да го оштетите уредот.