Operating Instruction
Репродуцирање
Исклучување на поврзувањата
„HDMI CEC“
Овој уред ја поддржува функцијата „HDMI CEC“
(Consumer Electronics Control).
Оваа функција можете да ја користите со
поврзување опрема што поддржува „HDMI CEC“.
За повеќе детали за ракувањето, видете во
упатствата за употреба на поврзаната опрема.
Подготовка
Поставете го „HDMI CEC“ на „On“ (Вклучено)
( 29). (Фабрички зададената поставка е „On“
(Вклучено).
Поставете ги „HDMI CEC“ операциите на
поврзаната опрема (на пример, ТВ).
Вклучете ги сите „HDMI CEC“ компатибилни
уреди и одберете го на поврзаниот ТВ-уред
влезниот канал од овој уред, за правилно да
работи функцијата „HDMI CEC“.
Повторете ги овие процедури кога ќе ги
промените поврзувањата или нагодувањата.
Автоматско вклучување на
влезните поврзувања
Кога уредот ќе ја почне репродукцијата, ТВ-уредот
автоматски ќе се префрли на влезниот канал и ќе се
прикаже екранот на уредот.
Ако ТВ-уредот е исклучен, тој автоматски ќе се
вклучи.
Сите поврзани уреди компатибилни со „HDMI CEC“,
вклучувајќи го и овој уред, автоматски ќе се исклучат
кога ќе го исклучите ТВ-уредот.
Овој уред ја поддржува функцијата „HDMI CEC“ (Consumer
Electronics Control). Сепак, не може да се гарантира работа
со сите HDMI CEC уреди.
Едноставна контрола само со
далечинскиот управувач од ТВ-уредот
Со користење на далечинскиот управувач од ТВ-
уредот, можете да ги изведете истите операции како
и со далечинскиот управувач на овој уред ( 8).










