Operating Instruction
Подготовка
Не изложувајте го фотоапаратот на силни вибрации, удари или притисок.
• Леќите, мониторот или надворешното куќиште можат да се оштетат ако фотоапаратот го користите
во следните услови. Исто така, ако го направите следново, можете да предизвикате дефект на
фотоапаратот или имиџите може да не се снимат:
- Ако ви падне фотоапаратот или ако го удрите.
- Ако го притиснете на леќите или на мониторот.
Овој фотоапарат не е отпорен на прав/прскање капки/вода
• Течности, песок и други материјали можат да навлезат околу просторот на леќите, копчињата и сл.
Бидете особено внимателни бидејќи тоа не само што ќе предизвика дефект на фотоапаратот туку и
ќе го направи непоправлив.
- Не употребувајте го на места со многу песок или прав.
- Не употребувајте го на места каде што може да дојде во контакт со вода, како што е употреба за
време на дожд или на плажа.
Не ставајте ги вашите раце во внатрешноста во делот за монтирање на телото на фотоапаратот.
Правејќи го тоа можете да го оштетите сензорот на уредот, што е со прецизна механика.
• К ондензацијата се појавува кога се менуваат амбиенталната температура или влажноста.
Внимавајте да не дојде до кондензација, бидејќи може да предизвика појава на дамки и габи на
леќите, визирот и мониторот и да предизвика дефект на фотоапаратот..
• Ако се појави кондензација, исклучете го фотоапаратот и оставете го околу 2 часа. Замагленоста
природно ќе исчезне кога температурата на фотоапаратот ќе стане приближна на амбиенталната
температура.
За кондензацијата (кога се замаглени леќите, визирот или мониторот)
Грижа за фотоапаратот










