Operating Instruction
Ракување со смартфон/таблет.
Вклучете ја функцијата Wi-Fi.
Одберете SSID што одговара на една од прикажаните на екранот на овој уред, а потоа внесете
ја лозинката.
Стартувајте ја апликацијата „Image App“ (Стр. 30).
• Кога ќе се комплетира поврзувањето, имиџите што биле снимени од фотоапаратот ќе се
прикажат на смартфонот/таблетот.
Поврзување на смартфон/таблет со користење на функцијата NFC
Со користење на функцијата NFC „Near Field Communication“, можете лесно да префрлате податоци
што се неопходни за Wi-Fi поврзувањето помеѓу овој фотоапарат и смартфонот/таблетот.
Компатибилни модели
Оваа функција може да се користи со NFC компатибилни уреди со Android (OS верзија 2.3.3. или
понова). (Освен некои модели).
(На фотоапаратот)
• Поставете го [NFC Operation] на [ON]
(Вклучено).
• Поставете го [Touch Sharing] на [ON]
(Вклучено).
Подготовка:
(На вашиот смартфон/таблет)
• Проверете дали вашиот смартфон/таблет e
компатибилен модел.
• Вклучете ја Wi-Fi функцијата.
• Инсталирајте го Image App (Стр. 30).
Стартувајте ја апликацијата „Image App“ на вашиот смартфон/таблет.
• По стартувањето ќе се прикаже екранот за избор на поврзувањето.
Додека на екранот за поврзување на „Image App“ се прикажува [ ] допрете го
смартфонот/таблетот на [ ] до овој уред.
• Може да е потребно подолго време за комплетирање на поврзувањето. Кога
смартфонот/таблетот е поврзан, имиџите од фотоапаратот ќе бидат прикажани на
смартфонот/таблетот.
• Ако обидот за поврзување со допирање не успее, рестартирајте ја апликацијата „Image App“ и
потоа повторете го чекорот 1.
Кога за прв пат се поврзувате, ќе се прикаже екран со потврда за поврзувањето.
Кога потврдата за поврзувањето ќе се прикаже на овој уред, одберете [Yes] (Да).
Повторно допрете го смартфонот/таблетот на [ ] од фотоапаратот.
• Поврзаниот смартфон/таблет е регистриран на овој фотоапарат.










