Operating Instruction

Снимање
Правење панорамски фотографии (Panorama Shot Mode)
Режим на снимање (Recording Mode):
Фотографиите се снимаат континуирано додека го движите фотоапаратот хоризонтално или
вертикално, и фотографиите се комбинираат за да се направи една панорамска фотографија.
Поставете го бирачот за режим на [ ].
Проверете ја насоката на снимање, и допрете [Start].
Ќе се прикаже хоризонтален/вертикален водич.
Притиснете го копчето за снимање до половина за да фокусирате.
Притиснете го до крај копчето за снимање и движете го фотоапаратот во мал круг
во правец на стрелката што е прикажана на екранот.
Снимајте од лево кон десно
Движете го фотоапаратот со рамномерна
брзина. Фотографиите може да не се
снимат правилно ако фотоапаратот го
движите пребрзо или пребавно.
Правец на снимање и движење (Водич)
Повтроно притиснете го копчето за снимање за да завршите со снимањето
фотографии.
Снимањето, исто така можете да го завршите со задржување на фотоапаратот во мирување
во текот на снимањето.
Снимањето, исто така можете да го завршите со движење на фотоапаратот до крајот на
водичот.
Техника за снимање во режимот за панорамски фотографии (Panprama Shot Mode)
Движете го фотоапаратот во правецот на
снимање без да го тресете. Ако фотоапаратот
се тресе премногу, фотографиите може да не
бидат снимени, или снимената панорама
може да биде помала.
Движете го фотоапаратот преку работ од
областа што сакате да ја снимите. (Работ од
областа нема да биде снимен на последната
фотографија).