Operating Instruction

Снимање
Правење фотографии со користење на автоматска функција
(Intelligent Auto Mode - Интелигентен автоматски режим)
Режим на снимање (Recording Mode):
Во овој режим, фотоапаратот ги прави оптималните поставки за субјектот и сцената, така што ви
препорачуваме да ги оставите непроменети поставките во фотоапаратот и да снимате без да
размислувате во врска со нив.
Притиснете на [ ].
Фотоапаратот ќе се префрли или на најчесто употребуваниот
интелигентен автоматски режим (Intelligent Auto Mode) или на
дополнителниот интелигентен автоматски режим (Intelligent
Auto Plus Mode). Фабрички е поставено на интелигентен
автоматски режим (Intelligent Auto Mode).
Кога повторно ќе го притиснете копчето [ ], тоа ќе се
исклучи, и ќе биде поставено на режимите за снимање што се
одбрани со бирачот за режими.
Порамнување на екранот со субјектот.
Кога фотоапаратот ќе ја идентификува оптималната сцена,
иконата што се однесува на сцената ќе се прикаже во сина
боја во времетраење од две секунди, по што бојата ќе се
смени во вообичаената црвена.
Во зависност од идентификуваната сцена, на фотоапаратот
може да се прикаже [ ], што ви овозможува да одберете
препорачани ефекти од фотоапаратот.
Кога субјектот се движи, функцијата AF Tracking ќе работи.
Исто така, ова е возможно со притискање на курсор копчето ,
и потоа со притискање на копчето за снимање до половина.
Правење фотографии со заматена заднина (Defocus Control - контрола за дефокусирање)
Можете лесно да ја поставите заматеноста на заднината додека го проверувате екранот.
Допрете на [ ].
Допрете на [ ] за да се прикаже екранот со
поставки.
Повлечете ја лентата на лизгање за да поставите.
Снимете фотографии или филмиви.
Операцијата на контролата за дефокусирање (Defocus
Control) можете да ја прекинете со допирање на [ ].
Исто така, можете да снимате фотографии со допирање на
[ ].