Operating Instruction
Основни функции
Правење фотографии
• Нагодете го режимот на работа на [ ] (единечно) со притискање на
Одберете режим на снимање (Recording Mode).
Притиснете го копчето за снимање до половина,
за да фокусирате.
Вредност на отворот на блендата
Брзина на блендата
• Се прикажуваат вредноста на отворот на блендата и
брзината на блендата. (Ќе светне во црвена боја ако
не е постигната точната експозиција, освен кога е
активиран блицот).
• Кога имиџот ќе биде правилно фокусиран,
фотографијата ќе биде направена, бидејќи
[Focus/Release Priority] е почетно поставено на
[FOCUS].
Притиснете го копчето за снимање целосно (притиснете го до крај) и
фотографирајте.
Снимање филмови
Овој фотоапарат може да снима филмови во целосно висока дефиниција (Full high Definition)
компатибилна со AVCHD формат или со филм снимен во MP4.
Звукот ќе биде снимен во стерео.
Почнете со снимање со притискање на копчето за
снимање филм.
Поминато време на снимање
Достапно време за снимање
• Показателот за состојба на снимање (црвен) ќе трепка
во текот на снимањето на филмот.
Запрете го снимањето со повторно притискање на
копчето за снимање филм.
• Максималното време за континуирано снимање филм во
[AVCHD] е 29 минути и 59 секунди.
• Максималното време за континуирано снимање филм во
[MP4] е 29 минути и 59 секунди или до 4 GB. (За [FHD/50p],
[FHD/25p] во [MP4] формат, големината на датотеката е
поголема, така што времето за снимање ќе се намали под
29 минути и 59 секунди).










