Installation Instructions

9
подолг кабел, контактирајте ја сервисната
служба. Достапни се приклучни водови со
должина до 2,20m.
Напомени за монтажни кујнски
елементи
¡ Индукциското поле за готвење можете да го
инсталирате само над фиоки или рерни со
вентилатор за вентилација. Не инсталирајте
ладилници, машини за миење садови, рерни
без вентилација или машини за перење под
полето за готвење.
¡ Осигурајте се дека монтажниот кујнски елемент
е отпорен на топлина најмалку до 90°C.
Работна плоча
Почитувајте ги препораките на производителот на
работната плоча.
¡ Рамна, хоризонтална, стабилна.
¡ Работната плоча на која ќе го монтирате
уредот, мора да издржува товар од околу
60kg.
¡ За тенки работни плочи користете материјал за
зајакнување отпорен на топлина и влага.
¡ Дали е израмнето полето за готвење проверете
дури откако истото ќе се монтира.
Аспиратор
¡ Растојанието помеѓу аспираторот и полето за
готвење мора најмалку да одговара на
растојанието одредено во упатството за
монтажа на аспираторот.
Подготовка на монтажниот кујнски
елемент
1. Означете го парчето мебел според скицата за
вградување.
Проверете дали аголот на исечената
површина до работната плоча изнесува 90°.
→Сл.
1
2. По сечењето, отстранете ги струготините..
3. Исечените површини запечатете ги така што ќе
бидат отпорни на топлина.
Вентилација
За да се загарантира правилен начин на
функционирање на уредот, полето за готвење
мора соодветно да се проветри. За вентилацијата
во долниот дел на уредот, потребен е доволен
довод на свеж воздух. Затоа, доколку е потребно,
прилагодете го кујнскиот елемент за оваа намена.
1. Држете минимално растојание помеѓу задната
страна на кујнскиот елемент и ѕидот на кујната.
→Сл.
2
2. Обезбедете отвор на горниот дел од задниот
дел на кујнскиот елемент.
→Сл.
3
3. Доколку не е наведено најмалото растојание од
20mm на задната страна на кујнскиот елемент,
на долната страна поставете еден отвор.
→Сл.
4
4. Не затворајте ја херметички долната основа.
Забелешка:Ако уредот го вградувате во кујнски
остров или во друго неопишано место, треба да
осигурате соодветно проветрување на полето за
готвење.
Вградување над фиоката
¡ За да обезбедите добра вентилација,
растојанието помеѓу површината и работната
плоча и горното поле на фиоката мора да
изнесува 65mm.
→Сл.
5
Монтирање над рерна
¡ За да обезбедите добра вентилација,
растојанието помеѓу горниот дел на работната
плоча и површината на предната страна на
рерната мора да изнесува 30 mm, а
минималното растојание помеѓу рерната и
полето за готвење мора да изнесува 5 mm.
¡ Погледнете во упатството за монтажа на
рерната доколку треба да го зголемите
растојанието помеѓу полето за готвење и
рерната.
→Сл.
6
Поставете го струјниот кабел во
приклучната кутија
Услов:Кај уреди без претходно монтиран дел за
напојување.
1. Свртете го полето за готвење и поставете го на
дното од амбалажата, на крпа или друга
површина за да избегнете гребнатини.
→Сл.
7
2. Подигнете го поклопецот на приклучната кутија
со помош на одвртувач.
→Сл.
8
3. Олабавете ја завртката за прицврстување и
подигнете ја стегата со одвртувач.
→Сл.
9
4. Приклучувајте на приклучната кутија само во
согласност со:
→Сл.
10
BN: Кафена
BU: Сина
GN/YE: жолта и зелена
BK: Црно
GY: Сиво
Забелешка:Ако го направите поврзувањето
според дијаграмот за поврзување 2L/2N,
сменете го распоредот на премостувачите
според дијаграмот.
5. По поврзувањето на кабелот, затегнете ги
правилно завртките на приклучната кутија.
6. Прицврстете го струјниот кабел со стега и
затегнете ја завртката за прицврстување.
→Сл.
11
7. Поставете ги каблите во средниот дел на
приклучната кутија. Затворете го поклопецот на
приклучната кутија.
8. Ако струјниот кабел ја попречува фиоката,
прицврстете го кабелот на долната страна на
полето за готвење со прикачениот стегач за
кабел.
→Сл.
12