Installation Instructions
20
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ‒Опасност:
Магнетизам!
Уредот содржи постојани магнети. Тие може да
влијаат на електронските имплантанти, напр.
пејсмејкерите или инсулинските пумпи.
▶
Лица со електронски имплантанти треба да се
придржуваат на 10cm најмало растојание од
уредот.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ‒Опасност од труење!
Всисаните согорени гасови може да доведат до
труење. Уреди за ложење што користат воздух од
просторијата (на пр. грејни уреди кои работат на
гас, масло, дрва или јаглен, проточни бојлери,
бојлери) влечат воздух за согорување од
просторијата каде се поставени и издувните
гасови ги одведуваат низ уред за издувни гасови
(на пр. камин) надвор. При поврзување со
вклучен аспиратор, се влече воздухот од кујната и
соседните простории. Без доволен довод на
воздух настанува потпритисок. Отровните гасови
од каминот или отворот на аспираторот ќе се
всисаат повторно во станбените простории.
▶
Секогаш погрижете се за доволен довод на
воздух доколку го користите уредот во издувен
режим истовремено со уред за ложење и
користи воздух од просторијата каде е
поставен.
▶
Безбедно работење е возможно, само доколку
потпритисокот во просторијата каде е поставен
уредот за ложење не надминува
4Pa(0,04mbar). Ова може да се постигне,
доколку потребниот воздух за согорување
може да се надополни од отворите кои не може
да се затворат, на пр. врати, прозорци,
поврзани со ѕидни кутии за довод/одвод на
воздух или пореди други технички мерки. Ѕидна
кутија за довод/одвод на воздух не гарантира
придржување до граничната вредност.
▶
За секој случај, посоветувајте се кај
надлежната оџачарска служба, која може да ја
процени вентилацијата и да преземе соодветни
мерки за проветрување.
▶
Доколку уредот се постави исклучиво во
циркулационен режим, возможна е работа без
ограничување.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ‒Опасност од пожар!
Наталожената маснотија во филтерот за маснотии
може да се запали.
▶
Во близина на уредот не работете со отворен
пламен (на пр. фламбирање).
▶
Инсталирајте го уредот само во близина на
уреди за ложење со цврсто гориво (на пр. дрво
или јаглен), доколку има затворен поклопец кој
не се вади. Не смее да има летање на искри.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ‒Опасност од повреда!
Вршењето промени на електричната или
механичката конструкција е опасно и може да
доведе до погрешно функционирање.
▶
Не вршете промени на електричната или
механичката конструкција.
Деловите до кои имате пристап за време на
монтажата може да имаат остри рабови и да
доведат до исекотини.
▶
Носете заштитни ракавици
Уредот е тежок.
▶
За поместување на уредот, потребни се 2 лица.
▶
Користете само соодветни помошни средства.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ‒Опасност од
задушување!
Децата може да го ставаат материјалот од
пакувањето преку глава или да се обвиткаат со
него и да се задушат.
▶
Материјалот од пакувањето држете го подалеку
од деца.
▶
Не ги оставајте децата да си играат со
материјалот за пакување.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ‒Опасност од труење!
Всисаните согорени гасови може да доведат до
труење.
▶
Издувниот воздух не треба да се пренесе до
оџак за чад или за издувен гас што не работи.
▶
Издувниот воздух не треба да се пренесе во
канал што се користи за вентилација на
инсталационите простории на камини.
▶
Ако издувниот воздух треба да се пренесе до
оџак за чад или за издувен гас што не работи,
мора да побарате согласност од надлежниот
оџачар.
Всисаните согорени гасови може да доведат до
труење.
▶
Ако се инсталира аспиратор со камин, кој
зависи од воздухот во просторијата, струјното
напојување на аспираторот мора да се направи
со соодветно безбедносно коло.
Напомени за електричен приклучок
За да може безбедно електрично да го
приклучите уредот, внимавајте на овие напомени.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ‒Опасност од струен
удар!
Уредот мора да може да се исклучи од струја во
секое време. Уредот смее да се приклучи само на
прописно инсталирана приклучница.
▶
Во фиксно поставената електрична инсталација
мора да се вгради сѐполен разделник според
условите од пренапонската категорија III и
според прописите за приклучување.
▶
Фиксно поставената електрична инсталација
смее да ја изведе само електричар.
Препорачуваме да се инсталира заштитен
прекинувач за диференцијална струја (FI
прекинувач) во струјното коло за снабдување
со електрична енергија на уредот.
¡ Приклучниот кабел не смее да се превитка или
заглави и треба да се држи подалеку од остри
рабови.
¡ Поставете го приклучниот кабел на тој начин
што нема да ги допира жешките делови од
куќиштето на уредот.
¡ Користете го само приклучниот кабел кој е
испорачан со уредот или од техничката
сервисна служба.
¡ Овој уред е во согласност со одредбите за
радио пречки на ЕЗ.
¡ Овој уред одговара на заштитната класа 1.
Поради тоа користете го уредот само со
приклучок со заштитен спроводник.
¡ Производителот не презема одговорност за
пречките во работењето или можните штети
што може да настанат поради погрешна
електрична инсталација.