Installation Instructions

12
¡ Заземјете ги уредите со струјното напојување.
¡ Не правете никакви промени во внатрешноста
на уредот. Доколку е потребно, контактирајте ја
нашата техничка сервисна служба.
Пред поставувањето
¡ Овој уред одговара на класата 3 според EN
30-1-1 за уреди на гас: вграден уред.
¡ Кујнскиот елемент во кој е вграден уредот мора
да биде соодветно фиксиран и стабилен.
¡ Мебелот во близина на уредот, ламинираните
облоги и лепилото со кое се прицврстуваат,
мора да бидат изработени од материјали кои
се незапаливи и отпорни на топлина.
¡ Не го инсталирајте овој уред на ладилници,
машини за перење, машини за миење садови
или слично.
¡ Уредот смее да се инсталира само на рерна со
присилна вентилација. Проверете ги
димензиите на рерната во упатството за
инсталација на рерната.
¡ Ако инсталирате рерна под полето за готвење,
дебелината на работната плоча може да се
разликува од димензиите дадени во ова
упатство. Внимавајте на напомените во
упатството за монтажа на рерната.
¡ Ако е инсталиран вентилатор одн. аспиратор,
внимавајте на неговите упатства за инсталација.
Секогаш внимавајте на вертикалното
минимално растојание до полето за готвење.
→Сл.
1
Подготовка на кујнските елементи
¡ Во работната плоча исечете исечок со
посакуваните димензии, во зависност од
посакуваниот начин на инсталација: нормално
(а) или рамно (б).
→Сл.
2
, →Сл.
3
¡ Запечатете ги исечените површини од дрвените
работни плочи со специјално лепило за да ги
заштитите од влага.
¡ Доколку нема вградена рерна под полето за
готвење, поставете разделник од незапалив
материјал (на пример, метал или иверица) на
растојание од 10 mm под полето за готвење.
Ова спречува пристап до долната страна на
полето за готвење. Растојанието на меѓуподот
до мрежниот приклучок на уредот мора да
изнесува најмалку 10 mm.
→Сл.
4
, →Сл.
5
Подготовка на кујнскиот елемент за рамна
монтажа
¡ Сите сечења на работната површина мора да
се направат во специјализираната
работилница.
¡ Исечените делови мора да бидат чисти и
прецизни, бидејќи работ е видлив на
површината. Мора да се загарантира
стабилноста на мебелот по сечењето.
¡ Користете само специјали работни површини
отпорни на температура и вода (напр.
природен камен или плочки).
¡ Елементот за вградување мора да биде
отпорен на температура до 90°C.
Позиционирање на уред
Забелешка:Не го лепете уредот на работната
плоча со силикон.
1. Ставете го полето за готвење со горната
страна надолу на мазна, стабилна површина.
2. Залепете ја испорачаната леплива заптивка на
долниот раб на полето за готвење. Лепливата
заптивка спречува влегување на течности.
→Сл.
6
3. Завртете ги испорачаните стеги во наведената
позиција за да можат слободно да се вртат.
→Сл.
7
4. Ако го инсталирате уредот во ниша со ширина
од 480 mm, треба да го отстраните
разделникот што е претходно инсталиран на
задната страна на некои модели.
→Сл.
8
5. Свртете го полето за готвење и вметнете го во
отворот. Вметнете го полето за готвење
наспроти предната страна на отворот.
→Сл.
9
6. Вртете и затегнете ги стегите.
→Сл.
10
Позицијата на стегите зависи од дебелината на
работната плоча.
Рамна монтажа на уредот
1. Инсталирајте го уредот на тој начин што ќе има
рамномерен процеп наоколу.
→"Позиционирање на уред", Страница12
Полето за готвење треба да се наоѓа малку
под работната површина. Кај поплочени
работни плочи, контактните површини
можеби ќе треба да се подигнат со ленти
отпорни на температура и вода.
→Сл.
11
2. Проверете ја функционалноста и положбата на
уредот.
3. Процепот помеѓу работната плоча и полето за
готвење пополнете го со соодветен
комерцијален силикон.
→Сл.
12
Измазнете го силиконот со шпакла или со прст
навлажнет со сапун, пред да се фиксира слојот.
Забелешка:Пред да го користите уредот,
оставете го силиконот да се исуши.
Совет:Доколку користите несоодветен силикон
на површини од природен камен, може да
настане обојување кое веќе не може да се
отстрани. Можете да купите соодветно лепило кај
нашата техничка сервисна служба.
Демонтирање на уредот
1. Исклучете го уредот од приклучоците за
електрична енергија и гас.
2. Одвртете ги стегите и продолжете по обратен
редослед.
Приклучување на гас
Внимавајте на локалните директиви.
ВНИМАНИЕ‒Опасност од експлозија!
Истекување на гас може да предизвика
експлозија.
По работењето на приклучоците, проверете
дали има дихтување.
¡ Поставете го гасниот приклучок, така што
запорната славина ќе биде достапна.
¡ Проверете дали податоците на
спецификационата плочка за видот на гас и
гасниот притисок се совпаѓаат со локалните
услови за поврзување.
¡ Поврзете го уредот на цврст гасовод или на
флексибилен метален вод.