User manual
Македонски Упатство за работа – Секач со електромотор
138
Слика 6
Поставете го прекинувачот (1)
за префрлување на насоката
на вртење на резниот меха-
низам во положба A.
Вклучете го уредот.
Завртете го копчето за мес-
тење (2) на дотерувањето на
резниот механизам во насока
на стрелките на часовникот,
додека не се слушнат звуци
од стругање и не почнат
да паѓаат ситни алуминиумски
струготини од отворот за ис-
фрлување.
Истрошените места на рез-
ната плоча се компензираат
оптимално.
Материjалот за сецкање
повторно се сече подобро.
Исклучете го уредот.
Ставање во мирување
Внимание
Оштетување на материjалот
на уредот
Чуваjте го уредот (со изладен
мотор) само во чисти и суви про-
стории. При подолго сместување,
на пр. во зимо, во секоj случаj
заштитете го уредот од корозиjа.
По сезоната или кога уредот нема
да се користи подолго од еден
месец:
Чистење на уредот.
Сите метални делови заради
заштита од корозиjа избри-
шете ги со мрсна крпа (масло
без восок) или испрскаjте
ги со масло.
Гаранциjа
Во секоjа земjа важат од нашето
претприjатие или од увозникот
зададените гаранциски услови.
Пречките на Вашиот уред во рам-
ките на гаранцискиот рок ги
отстрануваме бесплатно, доколку
причината за нив може да биде
грешка во материjалот или
во производството.
Во случаj на гаранциjа молиме
обратете се на Вашиот продавач
или на наjблиската филиjала.
Откривање и отстрану-
вање на пречките
Пречките при работата често пати
имаат едноставна причина коjа
што треба да jа познавате
и делумно самите да можете
да jа отстраните.
При двоумење со задоволство
ќе Ви помогне Вашиот стручен
продавач.
Проблем Mожна причина Помош
Mоторот не стартува. Приклучниот кабел не е при-
клучен или е неисправен.
Проверете го кабелот, закачете го, по по-
треба заменете го или однесете го на по-
правка каj стручно лице.
Домашниот осигурач е преопто-
варен.
Вклучете го осугирачот, во одреден случаj
користете куќен приклучок со посилен
осигурач или стручно лице нека инсталира
таков приклучок.
Kопчето за вклучување/
исклучување е во дефект.
Однесете jа на поправка во стручен сервис.
Продолжниот кабел е предолг
или со премал попречен пресек.
Продолжен кабел со наjмалку 1,5 mm², макси-
мална должина 25 m. При подолг кабел
попречен пресек да има наjмалку 2,5 mm².
Заштитата од преоптовару-
вање исклучила.
Пред повторното пуштање во работа поче-
каjте наjмалку една минута, пред прво да
го притиснете копчето за враќање (3), а потоа
и копчето за вклучување (4а).
Mоторот брчи,
но не врти.
Резниот механизам е блокиран. Променете jа насоката на вртење на резниот
механизам, потоа исклучете го уредот
и исчистете го.
Kондензаторот е во дефект. Однесете jа на поправка во стручен сервис.