User manual
Упатство за работа – Секач со електромотор Македонски
135
– Hе оставаjте обработениот
материjал да се наталожува
во делот на подрачjето за
исфрлување, затоа што тоа
може да го спречи правилното
исфрлување и да предизвика
повратен удар на материjалот
низ отворот за полнење.
– Ако уредот е зачепен, исклучете
го моторот и извлечете го мреж-
ниот приклучок, пред да започ-
нете со чистењето.
– Внимаваjте на тоа моторот
да биде слободен од отпади
или други талози, со цел мото-
рот да го заштитите од оштету-
вање или од прегревање.
– Внимаваjте на тоа сите капаци и
сепаратори да бидат на своето
место и да бидат во добра
работна состоjба.
– Hикогаш не го транспортираjте
уредот додека работи моторот.
– Исклучете го моторот кога
го напуштате работното место
и извлечете го мрежниот
приклучок.
– Hе го наведнуваjте уредот
додека работи моторот.
– Hе го користете уредот при
лоши временски услови, како
на пр. можност за дожд или
невреме.
Пред секое работење
на овоj уред
За заштита од повреди пред секое
работење (на пр. одржување
или дотерување) врз овоj уред
– изгаснете го моторот,
– почекаjте сите подвижни делови
целосно да доjдат во мирување,
– откачете го мрежниот при-
клучок,
– оставете го моторот да се
излади (околу 30 минути).
По работата со уредот
– Пред заминувањето од уредот
секогаш извлекуваjте го кабе-
лот за струjа.
– Ако уредот е исклучен поради
одржување, стационирање или
замена на некоj прибор, про-
верете дали е исклучен изворот
на енергиjа и дали е извлечен
мрежниот приклучок.
Проверете дали сите подвижни
делови се во мирување.
Оставете го уредот да се из-
лади пред одржување, дотеру-
вање и сл.
– При одржување на резниот алат
потребно е да се има во пред-
вид дека тоj секогаш може
да продолжи да работи, дури
и кога ќе се изгасне моторот.
Знаци на уредот
Hа уредот се наоѓаат различни
знаци како налепници.
Во следниот дел се поjаснети
знаците:
Внимание!
Пред пуштањето
во работа прочи-
таjте го упатството
за користење!
Трети лица нека
стоjат подалеку
од опасното
подрачjе!
Пред работи на од-
ржување, чистење
и одржување и при
оштетување на кабе-
лот отстранете
го приклучокот
од мрежата!
Внимаваjте на роти-
рачките ножеви.
Hе ги држете длан-
ките и стопалата
во отворите кога
машината работи.
Hосете заштитни
нараквици!
Hосете заштита
за очите и за ушите!
Заштитете од влага!
Одржуваjте ги овие знаци на уре-
дот секогаш во читлива состоjба.
Знаци во упатството
Во ова упатство се користат
знаци што укажуваат на опасност
или означуваат важни совети.
Во следниот дел се поjаснети
знаците:
Опасност
Ви се укажува на опасностите што
се поврзани со опишаното деjство
и при кои што постои загрозување
на лицата.
Внимание
Ви се укажува на опасностите што
се поврзани со опишаното деjство
и кои што можат да повлечат
оштетување на уредот.
Совет
Означува важни информации
и совети за примена.
Забелешка за исфрлу-
вање во отпад
Остатоците од пакувањето,
старите уреди итн. исфрлете
ги во отпад соодветно на локал-
ните прописи.
Старите електрични
уреди се вредни суровини
и поради тоа не припаѓаат
во домашниот отпад!
Затоа сакаме да Ве замолиме
да ни помогнете со Вашиот
активен придонес во зачувува-
њето на ресурсите и заштитата на
животната средина и да го дадете
овоj уред во организираните
собирни места, доколку постоjат.
Работни времиња
Внимаваjте на националните/
општинските прописи во врска
со времињата на користење
(по потреба прашаjте каj Вашата
надлежна служба).
!
!
!