Owner's manual
Deutsch
277
Mak
Македонски
ONEKEY™
За да дознаете повеќе за ONE-KEY функционалноста на овој
алат, прочитајте го приложеното Упатство за брз старт или
посетете нè на интернет на http://www.milwaukeetool.com/
one-key.
Апликацијата ONE-KEY можете да ја симнете на Вашиот
смартфон преку App Store или Google Play.
Резултатот од испекцијата ги исполнува нашите минимални
барања според EN 301489-1 / EN 301489-17. Во прирачникот за
корисници на муштериите ќе им дадеме упатство за ракување.
БР
Температура повисока од 50оС (122оФ) го намалуваат траењето
на батериите. Избегнувајте подолго изложување на батериите
на високи температури или сонце (ризик од прегревање).
Клемите на полначот и батериите мора да бидат чисти.
За оптимален работен век батериите мора да се наполнат
целосно по употреба. Батриите кои не биле користени подолго
време треба да се наполнат пред употреба.
За можно подолг век на траење, апаратите после нивното
полнење треба да бидат извадени од апаратот за полнење на
батериите.
Во случај на складирање на батеријата подолго од 30 дена: ,
Акумулаторот да се чува на температура од приближно 27°C
и на суво место., Акумулаторот да се складира на приближно
30%-50% од состојбата на наполнетост., Акумулаторот
повторно да се наполни на секои 6 месеци.
Не ги оставајте искористените батерии во домашниот отпад и
не горете ги. Дистрибутерите на Милвоки ги собираат старите
батерии, со што ја штитат нашата околина.
Не ги чувајте батериите заедно со метални предмети (ризик од
краток спој).
РПОР ЛУМЈО БР
Литуим-јонските батерии подлежат на законските одредби за
транспорт на опасни материи.
Транспортот на овие батерии мора да се врши согласно
локалните, националните и меѓународните прописи и одредби.
Потрошувачите на овие батерии може да вршат непречен
патен транспорт на истите.
Комерцијалниот транспорт на литиум-јонски батерии од страна
на шпедитерски претпријатија подлежни на одредбите за
транспорт на опасни материии. Подготовките за шпедиција
и транспорт треба да ги вршат исклучиво соодветно обучени
лица. Целокупниот процес треба да биде стручно надгледуван.
При транспортот на батерии треба да се внимава на следното:
Осигурајте се дека контактите се заштитени и изолирани, а
сето тоа со цел да се избегнат кратки споеви. Внимавајте да
не дојде до изместување на батериите во нивната амбалажа.
Забранет е транспорт на оштетени или протечени литиум-
јонски батерии. За понатамошни инструкции обратете се до
Вашето шпедитерско претпријатие.