Owner's manual

Deutsch
276
Mak
Македонски
3.
10. 90°-180°
9. 17 Nm
1. Употребете клуч или клешти за да ги извадите
навртките и ш рафот од ножот.
2. Извадете го прстенот за држење и повлечете
го клинот од еден од ножевите.
3. ЗАБЕЛЕШКА: Обрнете внимание во која насока е свртен
ножот, за да можат и новите ножеви да се монтираат
на ист начин. Ножевите треба да бидат свртени така
што рамните страни да се допираат, а косините да се
на спротивната страна, исто како кај ножичките.
4. Внимателно тргнете го ножот.
5. Монтирајте го новиот нож свртен во истиот правец.
6. Повлечете го клинот низ ножот и држачот.
Заменете го прстенот за држење.
7. Повторете ги чекорите 2 дo 6 за другиот нож.
8. Вметнете го шрафот за ножот.
9. Навртете ја навртката на сечилото на шрафот
од сечилото и стегнете ја на 17 Nm.
10. Свретете го шрафот од сечилото за 1/4 до 1/2 вртеж наназад.
Проверете дали може алатката за сечење да се движи
слободно.
За да избегнете повреда и оштетување, алатот, преносливата
батерија или полначот никогаш не потопувајте ги во течност
или, пак, не дозволувајте во нив да навлезе вода.
Вентилациските отвори на машината мора да бидат комплетно
отворени постојано.
Апаратот содржи хидрау-лично масло кое што претста-вува
опасност за подземните води. Неконтро-лирано испуштање
или нестручно фрлање е казниво.
Уредот треба да се сервисира на секои шест до дванаесет
месеци, во зависност од употребата.
За интервалите на сервисирање можете да дознаете повеќе
преку апликацијата ONE-KEY.
Работите на одржување и поправка смеат да бидат изведувани
исклучиво од страна на авторизи-рани стручни работил-ници.
Користете само Milwaukee додатоци и резервни делови.
Доколку некои од компонентите кои не се опишани треба
да бидат заменети, Ве молиме контактирајте ги сервисните
агенти на Milwaukee (консултирајте ја листата на адреси).
Доколку е потребно можно е да биде набавен детален приказ
на алатот. Ве молиме наведете го бројот на артиклот како и
типот на машина кој е отпечатен на етикетата и порачајте ја
скицата кај локалниот застапник или директно кај: Techtronic
Industries GmbH, Max-Eyth-Straße10, 71364Winnenden,
Germany.