Manual
81
Сунѓераст филтер се пере со насапунета топла вода
еднаш месечно а се заменува по секое 5/6 перење.
Метален филтер треба да се чисти еднаш месечно со
неагресивни детергенти, рачно или во машина за миење
на садови на ниски температури и во краток интервал.
Со перењето во машина за миење на садови металниот
филтер за масти може да ја изгуби малку бојата но
неговите карактеристики за филтрирање воопшто не се
менуваат.
За да пристапите до филтерот за масти отворете ја
решетката со помош на механизмите за отварање P и
ослободете ја од сопирачите R1 или R2.
Независен метален филтер нема решетка за основа,
за негово вадење повлечете ги спиралите за откачување
P4 на назад и извадете го филтерот на надолу.
Филтер со активен јаглен (Само за Варијанта со
филтрирање)
За собирање на непријатните мириси од пареата од
готвењето .
Заситувањето на филтерот од јаглен настапува по повеќе
или помалку продолжена употреба во зависност од типот
на готвење и редовноста на чистењето на филтерот за
масти. Во секој случај потребно е да се замени чаурата
најмалку на секои 4 месеци.
НЕ може да
се пере или обновува.
Може да биде од следните типови:
Правоаголен S1, S2 или S3:
Монтажа (S1 или S2): вметнете ја задната страна T и
прицврстете ја од напред (U).
Вградување (S3): Извадете го капакот W со вртење за
90° на копчето O.
Поставете го филтерот внатре и вклопете го на место со
вртење за 90°
на копчето O а потоа затворете го капакот.
Постапете по обратен редослед од вадењето.
Кружен (V1-V2-V3- различни модели):
Системот за прикачување позиционирајте го на
центарот од капакот на решетката за заштита на моторот
внимавајќи да ознаката X1 или X2 или X3 на филтерот од
јаглен соодветствува со ознаката Y1 или Y2
на
механизмот за спроведување, вртејќи потоа во правец на
движењето на стрелките од часовникот; во случај на
вадење вртете во правец спротивен од правецот на
движењето на стрелките од часовникот, ако има јазиче Z
сетете се прво малку да го подигнете.
Замена на сијалиците
Исклучете го уредот од струјното напојување.
Предупредување! Пред да ги допрете сијаличките
проверете дали се изладени.
Замена на сијалиците од 40 вати - Одвртете ја
оштетената сијалица и заменете ја со елипсовидна
сијалица со максимум јачина на светење од 40W E14.
Тргнете ја решетката за да пристапите до отворот за
сијалиците.
Замена на халогенска сијалица - Пристапете до отворот
за сијалиците - извадете ја заштитата подигајќи ја со еден
мал штрафцигер или
слична алатка.
Заменете ја оштетената сијалица.
Користете само халогенски сијалици од максимум 20 вати
(G4), имајќи во предвид да не ги допирате со рацете.
Затворете ја плафонката (фиксирање со опруга).
Ако осветлението не работи, пред да повикате техничка
помош, проверете дали сијалиците се добро ставени.