Manual

80
случај отстранете го пластичното парче E1 или E2 што го
затвора отворот, вадејќи го со помош на штипалка и
секач. Проверете да бирачот издувување/филтрирање
(во внатрешноста на аспираторот) G е ставен на
позицијата издувување (A).
Варијанта со филтрирање
Во случај ако не е можно исфрлање на пареите од
готвењето кон надворешноста, аспираторот може да се
користи во варијанта со филтрирање со монтирање на
филтер од јаглен, мирисите и пареите се рециклираат низ
предната решетка ставена над командната табла со
регулаторите. Проверете да бирачот
издувување/филтрирање е ставен на позицијата
филтрирање(F).
Моделите без вентилатор работат само во варијанта со
издувување на воздухот и треба да се поврзат со
перифериски уред за издувување (не е доставен).
Упатствата за поврзување се доставени со
периферискиот уред за издувување.
Монтажа
Најмалото растојание помеѓу плочата од шпоретот за
садовите за готвење и долниот раб на аспираторот да не
биде помало од 60cm за електричните апарати за готвење
и 75cm за гасните или комбинираните апарати за готвење.
Ако упатството за монтажа за плинските плочи од
шпоретот прецизираат поголемо растојание, морате да се
придржувате до тоа
.
Приклучување на електрична енергија
Главното струјно напојување мора да одговара со оптегот
покажан на етикетата за карактеристиките ставена внатре
во аспираторот. Ако аспираторот оди со приклучник
поврзете го во штекерот во согласност со струјните
прописи и позициониран на пристапно место. Ако не е
снабден со приклучник (директна врска со електричното
напојување) или ако приклучникот не
е лоциран на
пристапно место применете би-поларен прекинувач во
согласност со стандардите кој обезбедува комплетно
исклучување на електричното напојување под услови
поврзани со преоптоварување на мрежата категорија III,
во согласност со упатството за монтажа.
Предупредување! Пред (повторно) поврзување на колото
од аспираторот со електричното напојување и
проверувањето на функционалноста, секогаш
проверете
дали струјниот кабел е правилно монтиран.
Предупредување! Замената на струјниот кабел мора да
ја изврши овластен сервис помошен центар или слично
квалификувано лице.
Вградување
Аспираторот може да се монтира на ѕидот или на дното
од висечки елемент; ако е доставен, користете го
шаблонот H за дупчење на точно растојание, или
положете го аспираторот на ѕидот или на дното од
висечкиот елемент и обележете со молив отвори за
дупчење.
Фиксирање на сидот - Ставете ги типлите во
ѕидот J во
направените отвори и два штрафа K во горните отвори,
тргнете ја решетката и закачете го аспираторот на двата
штрафа, на крај, од внатрешноста, ставете го третиот
штраф L и затегнете ги сите.
Фиксирање на висечкиот елемент - Фиксирајте го
аспираторот со 4 штрафа M од внатрешноста на
висечкиот елемент.
Функционирање
Аспираторот се испорачува со командна табла со
регулатор на брзините на издувување и регулатор за
осветлението над плочата од шпоретот.
Користете ја најголемата брзина во случај на
невообичаена концентрација на пареи во кујната. Ви
препорачуваме да го вклучите издувувањето 5 минути
пред да започнете со готвењето и да го оставите да
работи
околу 15 минути по завршување на готвењето.
Отворете го секогаш собери пареа N*.
Ако Вашиот производ е со капак со електрично или
механичко управување, пипките и/или копчињата и/или
рачките кои се на располагање служат за регулирање на
светлото и за отварање и затварање на капакот.
Одржување
Предупредување! Пред билокаква операција за
чистење или одржување, исклучете го аспираторот од
електричната мрежа со вадење на струјниот
приклучник или со исклучување на домашниот
мрежен прекинувач.
Чистење
Аспираторот мора редовно да се чисти (најмалку со
истата фреквенција со која се врши одржувањето на
филтерите за масти) како од внатрешноста така и од
надворешноста. За чистењето користете крпа навлажнета
со течни неутрални детергенти.
Да не користите производи кои содржат абразиви. НЕ
КОРИСТЕТЕ АЛКОХОЛ!
Предупредување! Ако не се следат упатствата
во однос
на чистењето на аспираторот и замената на филтрите ќе
доведе до ризик од пожари. Се препорачува до
придржување на предложените упатства.
Ние одбиваме билокаква одговорност за евентуални
оштетувања на моторот или пожар предизвикан како
резултат на неправилно одржување или неследење на
наведените упатствата.
Филтер за масти
За собирање на масните состојки од пареата од
готвењето.
Ако е поставен во внатрешноста на решетката од
основата може да биде од следните типови:
Филтер од хартија треба да се заменува еднаш
месечно или ако е обоен од горната страна, кога
обојувањето се гледа преку отворите на решетката.