Упатство за ракување Машина за перење Steam System EWF 127570W
electrolux Electrolux. Thinking of you. Видете повеќе како размислуваме на www.electrolux.com Содржина Безбедносни информации Опис на производот Контролна табла Прва употреба Персонализација Секојдневна употреба Помошни напомени и совети Програми за перење 2 4 5 9 9 9 13 14 Нега и чистење Што да сторите ако...
electrolux 3 изведува квалификуван електричар или стручно лице. Општа безбедност • Опасно е да ги менувате спецификациите или да се обидувате да го модификувате овој производ на кој било начин • Во текот на програмите за перење и програмите со пареа со високи температури, стаклото од вратата може да стане жешко. Не допирајте го! • Уверете се дека малите миленичиња нема да се качат во барабанот. За да го избегнете ова, проверете го барабанот пред користење.
electrolux • Децата треба да се под надзор за да не си играат со апаратот. • Компонентите од амбалажата (на пр. пластична фолија, стиропор) може да бидат опасни за децата – опасност од задушување! Чувајте ги надвор од дофатот на децата. • Чувајте ги сите детергенти на безбедно место, надвор од дофат на децата. • Уверете се дека децата или миленичињата нема да се качат во барабанот. За да спречите децата и миленичињата да се затворат во барабанот, машината е опремена со специјален додаток.
electrolux 5 Фиока за детергент Преграда за детергент, што се користи во фазата на претперење или киснење, или за средство за отстранување дамки, во фазата на дејство против дамките (доколку ја има). Детергентот за претперење и киснење се додава на почетокот од програмата за перење. Средството за отстранување дамки се додава во текот на фазата на дејство против дамките. Преградата за детергент во прав или за течен детергент се користи за главното перење.
electrolux 1 1 2 3 4 5 6 7 8 9 2 3 Програматор Приказ Копче за ТЕМПЕРАТУРА Копче за намалување на ЦЕНТРИФУГАТА Копче за ПРЕТПЕРЕЊЕ Копче за ДОПОЛНИТЕЛНО ПЛАКНЕЊЕ Копче за ОДЛОЖЕНO ПОЧНУВАЊЕ Копче СТАРТ/ПАУЗА Копчиња на ВРЕМЕНСКИОТ УПРАВУВАЧ Тркалце на програматорот Овозможува вклучување и исклучување на апаратот, како и одбирање програми. Температура Ова копче ви овозможува да ја зголемите или намалите температурата на перење.
electrolux 7 Екранот 2.12 2.1 2.2 2.3 2.4 2.5 Екранот ги прикажува следните информации: 2.1: Вредност на температурата 2.2: Вредност на температурата , Студено . Во текот на циклусот на перење екранот ја прикажува анимираната икона за температурата, укажувајќи на тоа дека апаратот започнал со фазата на загревање на водата во коритото. 2.3: Вредност на центрифугирање 2.4: Икони за брзината на центрифугирање.
electrolux стартува, преостанатото време се ажурира секоја минута. • Крај на програмата Кога програмата ќе заврши, на екранот се прикажуваат три нули што трепкаат ( ), иконата 2.8 се губи и вратата може да се отвори. • Неправилно одбирање опција Доколку некоја опција не е компатибилна со нагодената програма за перење, во долниот дел од екранот на неколку секунди ќе се прикаже пораката Err , а вградената црвена сијалица на копчето 8 ќе почне да трепка.
electrolux 9 = Освежување Копчиња и сијалички за опции = температура = центрифугирање = претперење = дополнително плакнење = одложен почеток = старт/пауза = безбедносна блокада за деца +/- = Копчиња на временскиот управувач Прва употреба • Уверете се дека приклучувањето на струјата и на водата е во согласност со упатствата за монтажа. • Отстранете го блокот од стиропор и сиот останат материјал од барабанот.
electrolux Измерете детергент и омекнувач Извлечете ја фиоката од дозерот додека не застане. Измерете ја количината потребен детергент, всипете ја во главната преграда или во соодветната преграда, ако тоа го бара избраната програма/опција (повеќе детали ќе најдете во "Фиока на дозерт за детергент"). Доколку е потребно, всипете омекнувач во преградата означена со (количината не смее да ја надмине ознаката "MAX" во фиоката). Полека затворете ја вратата.
electrolux 11 копче повеќепати за да ја зголемите или намалите температурата. Намалете ја брзината на центрифугата со притискање на копчето 4 Со бирање на програма, апаратот автоматски предлага максимална брзина на центрифугирање, предвидена за таа програма.. Притискајте го копчето 4 повеќепати за да ја зголемите или намалите брзината на центрифугирање, доколку сакате да ги центрифугирате алиштата на друга брзина.
electrolux на избраниот степен на валканост. Оваа опција е достапна само со програмите Памук , Синтетика и Чувствителни .
electrolux 13 3. Доколку е потребно, намалете ја брзината на центрифугирање притискајќи го соодветното копче. 4. Повторно притиснете го копчето 8 . Кога програмата ќе заврши, иконата 2.8 се губи и вратата може да се отвори. Завртете го програматорот на за да ја исклучите машината. Извадете ги алиштата од барабанот и внимателно проверете дали барабанот е празен. Доколку немате намера да изведувате друго перење, затворете ја славината.
electrolux Мастило: зависно од типот на мастилото, прво натопете ја ткаенината со ацетон 1), па потоа со ацетатна киселина; третирајте ги сите преостанати трагови на белите алишта со белило, па потоа добро исплакнете ги. Дамки од катран: прво третирајте со отстранувач на дамки, метилни алкохоли или бензин, па потоа истријте со детергент во паста.
electrolux 15 Програма -Максимална и минимална температура - Опис на циклус – Максимална брзина на центрифугирање - Максимално полнење – Вид алишта Опции Памучни 90° - студено Главно перење - Плакнења Центрифугирање при максимална брзина Макс. полнење 7 kg – Намалено полнење 3.5 kg Бел и обоен памук (нормално валкани алишта).
electrolux Програма -Максимална и минимална температура - Опис на циклус – Максимална брзина на центрифугирање - Максимално полнење – Вид алишта Плакнења Плакнење – Долго центрифугирање Центрифугирање при максимална брзина Макс. полнење 7 kg Со оваа програма е можно да се плакнат и да се центрифугираат памучни делови од облеката, кои се испрани на рака. За поинтензивно плакнење, изберете ја опцијата ДОПОЛНИТЕЛНО ПЛАКНЕЊЕ. Апаратот ќе изведе неколку дополнителни плакнења.
electrolux 17 Програма -Максимална и минимална температура - Опис на циклус – Максимална брзина на центрифугирање - Максимално полнење – Вид алишта Лесно пеглање 60° - студено Главно перење - Плакнења Максимална брзина на центрифугата од 900 врт./ мин. Макс. полнење 1 kg Со одбирање на оваа програма, алиштата се перат и се центрифугираат нежно за да се избегне туткање. На тој начин пеглањето е полесно. Покрај тоа, машината ќе изведе и неколку дополнителни плакнења.
electrolux посебно од перењето на алиштата и според упатствата на производителот на омекнувачот на водата. Тоа ќе помогне во спречување на таложење на бигорот. По секое перење Оставете ја вратата отворена некое време. Ова помага во уредот да се спречи создавање на миризба на мувла и на застоено. Со тоа што ќе ја оставате вратата отворена по перењето ќе го сочувате и дихтунгот.
electrolux 19 Барабан за перење Поради рѓосување на туѓи тела во перењето или поради тоа што водата од водоводот содржи железо, во барабанот може да се јават наслаги од рѓа. ВАЖНО Не чистете го барабанот со средства против бигор што содржат киселина, детергенти за стружење со хлор или со железна или челична жица. 1. Отстранете ги наслагите од рѓа со средство за чистење за челик што не рѓосува. 2. Пуштете циклус на перење без алишта, за да ги исчистите сите остатоци од средствата за чистење.
electrolux Исчистете го филтерот под славина за да отстраните било какви траги од влакна. 1 2 2 1 4. Ставете низок сад до пумпата за да се собере истурената течност. 7. Отстранете ги страните тела и влакната од лежиштето на пумпата и од пропелерот на пумпата. 5. Извлечете го со клешти капачето за итно празнење од капакот на филтерот. 8. Проверете внимателно дали пропелерот на пумпата се врти (се врти испрекинато). Ако не се врти, контактирајте со сервисниот центар. 6.
electrolux 21 ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Доколку уредот работел, а зависно од избраната програма, во пумпата може да има жешка вода. Никогаш не вадете го капакот од пумпата за време на циклус на перење, секогаш почекајте апаратот да го заврши циклусот и да биде празен. Кога го враќате капакот на место, проверете дали е цврсто затегнат за да спречите протекување и можност да го одвртат деца. 10. Вратете го капачето за итно празнење на капакот на филтерот и стегнете го. 11. Затворете ја вратата на пумпата.
electrolux 4. Зашрафете го цревото на славината. 5. Отшрафете го цревото од машината. Подгответе крпа, бидејќи може да истече вода. 6. Исчистете го филтерот во вентилот со тврда четка или со парче крпа. 7. Зашрафете го цревото на машината и уверете се дека е цврсто приклучено. 8. Отворете ја славината. 1. извлечете ја приклучницата од штекерот; 2. затворете ја славината; 3. доколку е потребно, почекајте водата да се излади; 4. отворете ја вратичката на пумпата; 5. ставете длабок сад на подот.
electrolux 23 некоја од следните шифри за тревога и на секои 20 секунди да се огласува звучен сигнал, за да укажат дека машината не работи: • : проблем со доводот на вода. • : проблем со испуштањето вода. • : вратата е отворена. Проблем Откако ќе го решите проблемот, притиснете го копчето 8 за да ја стартувате програмата одново. Ако и по сиве овие проверки проблемот останува, контактирајте со својот локален сервисен центар.
electrolux Проблем Веројатна причина/Решение На подот има вода: Сте употребиле премногу или несоодветен детергент (создава премногу пена). • Намалете ја количината на детергент или употребете друг. Проверете дали протекува од некој од приклучоците на доводното црево. Понекогаш е тешко да се забележи дека по цревото тече вода; проверете дали е влажно. • Проверете го приклучокот за вода на доводното црево. Одводното или доводното црево е оштетено. • Заменете го со ново.
electrolux 25 Проблем Веројатна причина/Решение Машината прави невообичаени звуци: Машината е опремена со тип на мотор кој прави невообичаени звуци во однос на традиционалните мотори. Овој нов мотор овозможува помеко стартување и порамномерно распределување на алиштата во барабанот во текот на центрифугирањето, како и зголемена стабилност на машината.
electrolux Потрошувачки вредности Програма Потрошувачка на струја (kWh) Потрошувачка на вода (литри) 2.2 65 Памучни 60° 1.4 62 Програма за памучни со штедење енергија 60° 1) 1.19 52 Памучни 40° 0.9 62 Синтетика 40° 0.48 44 Нежни 40° 0.55 58 Волна/Рачно перење 30° 0.25 52 Бели памучни алишта 90° Траење на програмата (минути) Траењето на програмата ќе го видите на екранот на контролната табла.
electrolux 27 5. Отворете го прозорецот и извадете го блокот од стиропор, монтиран на дихтунгот од вратата. 3. Одвртете ги трите клина. 4. Извлечете ги соодветните пластични разделници. 6. Затворете ги помалата горна дупка и двете поголеми со соодветните пластични затки, испорачани во вреќичката со упатството.
electrolux Поставување во положба Монтирајте ја машината на рамен, тврд под. Уверете се дека струењето на воздухот околу машината не е попречено од теписи, черги итн. Проверете дали машината ги допира ѕидот или кујнските елементи. Нивелирајте ја машината за перење со подигање или спуштање на ногалките. Можно е, регулирањето на ногалките да оди тешко, бидејќи имаат навртка за само-заклучување, но машината МОРА да биде нивелирана и стабилна. Ако е потребно, проверете го поставувањето со помош на либела.
electrolux 29 црево, испорачана со машината. Во овој случај, уверете се дека крајот нема да се откачи при празнење на машината. Ова може да се постигна со негово врзување на славината или со закачување на ѕидот. 3. Правилно наместете го цревото со олабавување на прстенестата навртка. Откако ќе го поставите доводното црево, проверете дали прстенестата навртка е добро прицврстена за да избегнете протекување. Доводното црево не смее да се продолжува.
electrolux Одводното црево може да се продолжува до максимум 4 метри. Дополнително одводно црево и елемент за поврзување можете да набавите во вашиот локален сервисен центар. Поврзување на струјата Информации за поврзувањето на електриката се дадени на плочката од внатрешната страна на вратата на уредот. Проверете дали вашата домашна електрична инсталација може да го носи потребното максимално оптоварување, притоа земајќи ги предвид и останатите користени уреди.
electrolux 31
www.electrolux.