User manual

Користење на средство за плакнење
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Користете
само специјално средство за
плакнење за машини за миење
садови.
Не полнете го дозерот за средство
за плакнење со некаква друга
течност (на пр. средство за чистење
машини за миење садови или течен
детергент). Така може да го
оштетите апаратот.
Средството за плакнење
обезбедува темелно плакнење и
сушење без дамки и линии.
Средството за плакнење автоматски
се додава за време на последното
плакнење.
1. Отворете го садот притискајќи го
копчето за ослободување (A).
2. Ставете средство за плакнење во
садот. На максималното ниво за
полнење укажува "max".
Дозерот собира околу 110 мл
средство за плакнење, што е доволно
за 16 до 40 циклуси на миење,
зависно од дозирањето.
3. Проверете дали капачето е
затворено по секое дополнување.
Избришете го истуреното средство
за плакнење со впивлива крпа за да
избегнете преголемо пенење за
време на следното миење.
Во зависност од добиените резултати на
миењето и сушењето, регулирајте ја
дозата средство за плакнење со
регулаторот со 6 положби (положба 1
најмала доза, положба 6 најголема
доза).
Дозата е фабрички поставена во
положба 4.
Зголемете ја дозата ако има капки вода
или дамки од бигор на садовите по
миењето.
Намалете ја дозата ако има лепливи
белузлави ленти на садовите или синкав
слој на чашите или на остриците на
ножевите.
electrolux 9