User manual

Редење во корпата за прибор за јадење
Монтажа
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Електричните
и водоводните приспособувања
потребни за местење на апаратот
треба да ги изврши квалификуван
електричар или водоводџија или
компетентно лице.
Извадете ги сите материјали за
пакување пред да ја ставите машината.
Ако е можно, поставете ја машината до
славина и одвод за вода.
Машината за миење садови е
конструирана за ставање под кујнска или
работна површина.
Внимание! Внимателно следете ги
упатствата во приложената брошура за
вградување на машината за миење
садови и за монтирање на дрвената
плоча.
Не се потребни отвори за вентилација за
машината, само отвори да поминат
цревата за довод и одвод за вода и
кабелот за струја.
Машината за миење садови има
приспособливи ногарки за регулирање
на височината.
За време на сите операции што
вклучуваат достапност на надворешни
компоненти, машината за миење садови
не смее да биде приклучена во струја.
Кога ја пикате машината, проверете
цревата за довод и одвод на вода и
кабелот за струја да не се превиткани
или смачкани.
Прицврстување за соседните предмети
Машината за миење садови мора да се
прицврсти за да не се навалува.
Затоа внимавајте работната површина
под која е монтирана да е соодветно
прицврстена за околните структури
(соседни кујнски елементи, плакари,
ѕид).
Порамнување
Доброто порамнување е најважно за
добро затворање и затнување на
вратата.
Кога е апаратот правилно порамнет,
вратата нема да закачува ниедна од
страните на куќиштето.
Ако вратата не се затвора правилно,
олабавете ги или стегнете ги ногарките
додека машината не биде совршено
порамнета.
electrolux 23