Упатство за ракување машина за миење садови ESI63020
electrolux Electrolux. Thinking of you. Share more of our thinking at www.electrolux.com Содржина Безбедносни информации .................. 2 Опис на производот ............................. 3 Контролна табла .................................. 4 Прва употреба ...................................... 5 Нагодување на омекнувачот на водата ................................................... 5 Користење на сол за машина за миење садови ...................................................
electrolux 3 • Во никој случај не би смееле да се обидувате сами да ја поправате машината. Поправките извршени од неискусни лица може да предизвикаат повреди или сериозни дефекти. Контактирајте со својот локален сервисен центар. Секогаш настојувајте да се користат оригинални резервни делови. Општа безбедност • Детергентите за машини за миење садови може да предизвикаат хемиски изгореници на очите, устата и грлото.
electrolux Опис на производот 1 2 3 4 5 6 7 8 9 Горна корпа Тркалце за тврдост на водата Сад за сол Дозер за детергент Дозер за средство за плакнење Плочка со спецификации Филтри Долна прскалка Горна прскалка Контролна табла 5 1 4 2 3
electrolux 5 1 2 3 4 5 Програматор Копче почни/прекини Копче за одложено почнување Показни светла Показно светло за вклучување/исклучување Показни светла Свети кога траат миењата и плакнењата. Миење Свети додека трае сушењето. Сушење Крај Се пали кога ќе заврши програмата за миење. Има и дополнителни функции за визуелно сигнализирање: • за поставување на омекнувачот на вода, • за тревожење при неправилно функционирање на машината. Свети кога се потрошила специјалната сол.
electrolux Нагодување на омекнувачот на водата Машината за миење садови е опремена со омекнувач на вода конструиран да ги отстранува минералите и солите од водата што би можеле да му наштетат или да имаат негативно влијание врз работењето на апаратот. Колку е поголема содржината на минерали и соли, толку е потврда вашата вода. Тврдоста на водата се мери со соодветни скали - германски степени (°dH), француски степени (°TH) и mmol/l (милимол на литар меѓународна мерна единица за тврдоста на водата).
electrolux 7 3. Пуштете го копчето почни/прекини. Показното светло за вклучување/ исклучување и показното светло почни/прекини почнуваат да трепкаат. Тоа значи дека сте ја активирале функцијата за поставување на омекнувачот на водата. 4. Истовремено почнува да трепка и показното светло за Крај. На моменталното ниво укажува бројот трепкања на показното светло Крај и пауза од околу 3 секунди. Примери: 5 трепкања, пауза, 5 трепкања, пауза, итн. = ниво 5 6 трепкања, пауза, 6 трепкања, пауза, итн. = ниво 6 5.
electrolux Показното светло за сол на контролната табла може да остане запалено уште 2-6 часа по полнењето со сол ако машината за миење садови остане вклучена. Ако користите сол што подолго се раствора, тоа може да трае и подолго. Работењето на машината не е попречено. Користење на средство за плакнење ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Користете само специјално средство за плакнење за машини за миење садови. Не полнете го дозерот за средство за плакнење со некаква друга течност (на пр.
electrolux 9 Секојдневна употреба • Проверете дали треба да се дополни специјална сол или средство за плакнење. • Ставете прибор за јадење и садови во машината. • Ставете детергент за миење садови. • Одберете програма за миење соодветна за приборот и садовите. • Почнете ја програмата за миење. Совети и препораки Во машината за миење садови не смеат да се мијат сунѓери, крпи или предмети што впиваат вода.
electrolux Миењето на следниов прибор и садови во машината за миење садови не се препорачува: може да биде проблематично: • Прибор за јадење со дршки од дрво, слонова коска, порцелан или бисер. • Пластични предмети што не се отпорни на топлина. • Постар прибор за јадење со лепени делови што не се отпорни на топлина. • Лемен прибор за јадење или садови. • Калаисани или бакарни садови. • Оловно кристално стакло. • Челични предмети што `рѓосуваат. • Дрвени чинии. • Предмети од синтетички влакна.
electrolux 11 Мешајте ги лажиците со друг прибор за да не се залепат една за друга. За најдобри резултати, препорачуваме да ја користите мрежата за прибор за јадење (ако големината и димензиите на приборот го дозволуваат тоа). Пред да ја затворите вратата, проверете дали прскалките можат да се вртат слободно. Горната корпа Горната корпа е наменета за чинии (чинии за десерт, длабоки и плитки чинии со пречник до 24 см), садови за салата, шољи и чаши.
electrolux Секогаш затворајте ја вратата по полнење на машината, бидејќи отворена врата е опасност. Користење на детергент Користете само специјални детергенти за машини за миење садови. Почитувајте ги упатствата на производителот за дозирање и чување напишани на пакувањето на детергентот. Using no more than the correct amount of detergent contributes to reducing pollution. 1 2 Ставање детергент 1. Отворете го капакот. 3.
electrolux 13 Таблетите детергент од различни производители се раствораат со различна брзина. Поради тоа, некои таблети детергент не се сосема ефикасни за време на кратките програми за миење. Затоа користете долги програми за миење кога користите таблети детергент, за да обезбедите целосно остранување на наталожениот детергент. Користење комбинирани детергентски таблети Тие производи се детергенти со комбинирани функции за миење, плакнење и сол.
electrolux автоматски. Показните светла за фазите се гаснат. Кога ќе заврши одбројувањето за одложено почнување, програмата за миење ќе почне автоматски. • Показното светло за одложено почнување се гаси. • Показното светло за тековната фаза се пали. Со отворање на вратата се прекинува одбројувањето. Штом ќе се затвори вратата, одбројувањето ќе продолжи од местото на прекинувањето. Откажување на вклучено одложено почнување 1. Држете го притиснато копчето почни/ прекини околу 5 секунди.
electrolux 15 Програми за миење Програма Извалканост Голема Чинии, прибор за јадење, тенџериња и тави Нормална Чинии, прибор за јадење, тенџериња и тави Предмиење Главно миење до 65°C 2 меѓуплакнења Завршно плакнење Сушење Нормална или мала извалканост Чинии и прибор за јадење Главно миење до 60°C Завршно плакнење Нормална Чинии и прибор за јадење Предмиење Главно миење до 50°C 1 меѓуплакнење Завршно плакнење Сушење Секаква Делумно полнење (што ќе се дополни подоцна истиот ден).
electrolux 2. Системот за филтрирање на машината за миење садови се состои од груб филтер (A), микрофилтер ( B) и плоснат филтер. Отклучете го системот за филтрирање со рачката на микрофилтерот. Свртете ја рачката околу 1/4 налево и 3. извадете ги филтрите. 4. Фатете го грубиот филтер ( A) за рачката со дупка и извадете го од микрофилтерот ( B). 5. Измијте ги сите филтри темелно под млаз вода. 6. Извадете го плоснатиот филтер од основата на преградата за миење и темелно измијте ги двете страни. 7.
electrolux 17 Чистење однатре Гумите околу вратата, дозерите за детергент и за средство за плакнење треба да се чистат редовно со мокра крпа. Препорачуваме секои 3 месеци да ја пуштите програмата за миење многу извалкани садови со детергент, но без садови. Подолги периоди неработење Ако не ја користите машината подолго време, ве советуваме: 1. Исклучете го апаратот од струја, па затворете го доводот на вода. 2. Оставете ја вратата подотворена за да спречите создавање непријатни мириси. 3.
electrolux Дефект Можни причини и решение Програмата не почнува • Вратата на машината за миење садови не е добро затворена. Затворете ја вратата. • Приклучникот не е ставен во штекерот. Приклучете го приклучникот во штекер • Изгорел осигурувач на таблата. Заменете го осигурувачот. • Поставено е одложено почнување. Ако садовите треба да се измијат веднаш, откажете го одложеното почнување. Откако сте ги провериле горенаведените работи, вклучете го апаратот.
electrolux 19 Технички податоци Димензии Широчина Височина Длабочина 59,6 см 81,8 - 87,8 см 57,5 см Струен приклучок - напон вкупна снага - осигурувач Информации за струјното приклучување се дадени на плочката од внатрешната страна на вратата на машината за миење садови.
electrolux Редење во долната корпа Редење во корпата за прибор за јадење Монтажа ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Електричните и водоводните приспособувања потребни за местење на апаратот треба да ги изврши квалификуван електричар или водоводџија или компетентно лице. Извадете ги сите материјали за пакување пред да ја ставите машината. Ако е можно, поставете ја машината до славина и одвод за вода. Машината за миење садови е конструирана за ставање под кујнска или работна површина.
electrolux 21 Поврзување на водата Поврзување на доводот за вода Машината за миење садови може да се полни со топла (макс. 60°) или студена вода. Сепак, ние препорачуваме користење довод на студена вода. Довод на жешка вода не е секогаш ефикасен за многу извалкани садови бидејќи многу го скратува траењето на програмите за миење.
electrolux Кога го поврзувате цревото за одвод со низок приклучок за одвод, целата пластична мембрана (А) мора да се отстрани. Ако не се отстрани мембраната, честичките храна ќе се наталожуваат и со време ќе го затнат одводот за вода на машината за миење садови. Цревото за одвод може да биде свртено и кон десната, и кон левата страна на машината. Проверете цревото да не е извиткано или смачкано бидејќи тоа може да го спречи или забави испуштањето вода.
electrolux 23 Поврзување на струјата ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Безбедносните стандарди бараат апаратот да биде вземјен. Пред првото користење на апаратот, проверете дали назначениот напон и видот напојување на плочката со спецификации одговара со напојувањето на местото кадешто апаратот треба да се намести. На плочката може да се најде и потребната јачина на осигурувачите. Секогаш приклучувајте го апаратот во правилно инсталиран штекер обезбеден од струјни удари.
www.electrolux.