Упатство за ракување Машина за миење садови ESF65710
electrolux Electrolux. Thinking of you. Видете повеќе како размислуваме на www.electrolux.
electrolux 3 • Во никој случај не би смееле да се обидувате сами да ја поправате машината. Поправките извршени од неискусни лица може да предизвикаат повреди или сериозни дефекти. Контактирајте со својот локален сервисен центар. Секогаш настојувајте да се користат оригинални резервни делови. Општа безбедност • Лица (и деца) со намалени физички, сетилни и ментални способности или недостиг на искуство и знаење не смеат да го користат апаратот.
electrolux Опис на производот 1 2 3 4 5 Горна корпа Бирач на тврдоста на водата Сад за сол Дозер за детергент Дозер за средство за плакнење 6 7 8 9 10 Плочка со спецификации Филтри Долна прскалка Горна прскалка Работна површина
electrolux 5 Контролна табла D E 6 1 2 3 4 5 6 Копче вклучување/исклучување Копчиња за одбирање програми Копче за одложен старт Контролни сијалици Дигитален екран Функциски копчиња Контролни сијалици Програма во тек Светнува кога ќе се нагоди некоја програма за миење и останува запалена за сето време на траењето на програмата за миење. Се гаси кога ќе заврши програмата за миење. Крај Се пали кога ќе заврши програмата за миење.
electrolux Контролни сијалици Средство за плакнење 1) Се пали кога се потрошило средството за плакнење. 1) Контролните сијалици за сол и за средство за плакнење никогаш не светат додека програмата за миење тече, дури ни кога е потребно дополнување на сол или средство за плакнење. Дигиталното екранче Дигиталното екранче покажува: • одбројување за одложеното почнување, • дека апаратот е во режим за поставување, • дека е поставена програма за миење.
electrolux 7 вашата вода. Тврдоста на водата се мери со соодветни скали - германски степени (°dH), француски степени (°TH) и mmol/l (милимол на литар меѓународна мерна единица за тврдоста на водата). Омекнувачот треба да се регулира според тврдостa на водата во вашето подрачје. Вашето локално водостопанство може да ви каже колкава е тврдоста на водата во вашето подрачје. Омекнувачот на водата мора да се постави на два начина: рачно, со тркалцето за тврдост на водата и електронски.
electrolux притискање на функциското копче A се одбира ниво 1. 5. За да ја меморирате поставката, исклучете ја машината за миење садови со притискање на копчето вклучување/исклучување. Користење на сол за машина за миење садови ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Користете само специјална сол за машини за миење садови. Сите други видови сол што не се специјално направени за машини за миење садови, особено солта за готвење, ќе го оштетат омекнувачот на вода.
electrolux 9 Средството за плакнење обезбедува темелно плакнење и сушење без дамки и линии. Средството за плакнење автоматски се додава за време на последното плакнење. 1. Отворете го садот притискајќи го копчето за ослободување (A). 2. Ставете средство за плакнење во садот. На максималното ниво за полнење укажува "max". Дозерот собира околу 110 мл средство за плакнење, што е доволно за 16 до 40 циклуси на миење, зависно од дозирањето. 3. Проверете дали капачето е затворено по секое дополнување.
electrolux • Пред да ја наполните машината со садови, треба: – Да ги отстраните сите остатоци од храна и покрупни нечистотии. – Да ги омекнете остатоците изгорена храна во тавите • Кога ја полните машината со садови и прибор за јадење, внимавајте: – Садовите и приборот за јадење не смеат да го попречуваат вртењето на прскалките. – Ставајте ги шупливите предмети (шољи, чаши, тави, итн.) со отворот надолу за да не се собира вода во садовите.
electrolux 11 Редовите на шилците во долната корпа може да лежат рамно за да може да се ставаат тенџериња, тави и длабоки чинии. Ако рачките штрчат од долната страна на корпата и ја попречуваат долната прскалка, ставете го приборот со рачките нагоре. Мешајте ги лажиците со друг прибор за да не се залепат една за друга. За да си го олесните полнењето на корпата за прибор за јадење, спуштете ја рачката на корпата. Корпата за прибор за јадење Исправените ножеви со долги острици се потенцијална опасност.
electrolux Корпата за прибор за јадење е од два дела што може да се одвојат за да се овозможи поголема флексибилност за редење. За да ги одвоите двата дела, слизнете ги хоризонтално во спротивни насоки и извлечете ги. Чашите со долго столче може да се стават превртени на држачите за шолји. За повисоки садови, држачите за шолји може да се склопат нагоре. Меки шилци Меките шилци го спречуваат поместувањето на стаклените садови во циклусот на миење или при движење на горната корпа.
electrolux 13 Откако ќе ги поставите во правилна положба, цврсто притиснете ги надолу и уверете се дека не мрдаат. Најголема височина на садовите во долната корпа Со спуштена горна корпа 27 см За да ја поместите повисоко, постапете на следниов начин: 1. Извлечете ја корпата додека не застане. 2. Внимателно кренете ги двете страни нагоре додека не се закочи механизмот и корпата не биде стабилна. За да ја спуштите корпата во првобитната положба, постапете на следниов начин: 1.
electrolux Користење на детергент Користете само специјални детергенти за машини за миење садови. Почитувајте ги упатствата на производителот за дозирање и чување напишани на пакувањето на детергентот. Ако не користите повеќе од препорачаното количество детергент, придонесувате да се намали загадувањето на природата. 3. За сите програми со предмиење е потребна дополнителна доза детергент (5/10 г) што треба да се стави во комората за предмиење (2). Тој детергент ќе се употреби за време на предмиењето.
electrolux 15 Функција Мultitab Овој уред е опремен со "Функција Мultitab ", која овозможува користење на во мулти-таблети со комбиниран детергент. Тие производи се детергенти со комбинирани функции за миење, плакнење и сол. Тие може да содржат и други активни материи, во зависност од видот на таблетите што ќе го одберете ("3 во 1", "4 во 1", "5 во 1" итн...). Проверете дали детергентите се соодветни за тврдоста на вашата вода. Погледнете ги упатствата на производителот.
electrolux ниво и пуштете 1 нормална програма за миење без да ставите садови. 4. Регулирајте ја тврдостa на водата според тврдостa на водата во вашето подрачје. 5. Регулирајте го дозирањето на средството за плакнење. Ако одлучите да се вратите на користење на системот со посебни детергенти, советуваме: 1. Исклучете ја функцијата Multitab. 2. Наполнете ги одново садот за сол и дозерот за средство за плакнење. 3.
electrolux 17 Откажување на започнато одложено почнување или програма за миење • Отворете ја вратата на машината; програмата ќе престане. Затворете ја вратата; програмата ќе продолжи од местото на прекинување. • Притиснете го копчето вклучување/ исклучување, сите светла ќе се изгаснат. Притиснете го копчето вклучување/исклучување повторно; програмата ќе продолжи од местото на прекинување.
electrolux Програма Quick2) Eco3) Извалканост Вид полнење Опис на програмата Нормална или мала извалканост Чинии и прибор за јадење Главно миење до 60°C Завршно плакнење Нормално валкани Чинии и прибор за јадење Предмиење Главно миење до 50°C 1 меѓуплакнење Завршно плакнење Сушење Секакви. Делумно полнење (што ќе се дополни подоцна истиот ден). 1 плакнење со студена вода (за да не се залепат остатоците од храна). За оваа програма не е потребен детергент.
electrolux 19 8. Поставете го грубиот Филтер (А) во микрофилтерот (В) и спојте ги со притискање. 9. Ставете ја филтерската комбинација на место и заклучете ја со вртење на рачката во десно до запирање. Уверете се за време на оваа постапка, дека рамниот филтер не стрчи над дното на одделот за миење. 3. Завртете ја рачката за околу ј круг во лево и извадете го филтерскиот систем НИКОГАШ не користете ја машината за миење садови без филтри.
electrolux Спречување смрзнување Не поставувајте ја машината на место кадешто температурата е под 0°C. Ако е тоа неизбежно, испразнете ја машината, затворете ја вратата, откачете го цревото за довод на вода и испразнете го. Преместување на машината Ако треба да ја преместите машината (се селите или сл.): 1. Исклучете ја од струја. 2. Затворете ја славината. 3. Извадете ги цревата за довод на вода и за истекување. 4. Извлечете ја машината заедно со цревата.
electrolux 21 Дефект Можни причини и решение Програмата не почнува • Вратата на машината за миење садови не е добро затворена. Затворете ја вратата. • Приклучникот не е ставен во штекерот. Приклучете го приклучникот во штекер • Изгорел осигурувач на таблата со осигурувачи. Заменете го осигурувачот. • Поставено е одложено почнување. Ако садовите треба да се измијат веднаш, откажете го одложеното почнување. Откако сте ги провериле горенаведените работи, вклучете го апаратот.
electrolux Технички податоци Димензии Ширина Висина Длабочина 60 cm 85 cm 63,5 cm Електрично поврзување напон - општо напојување осигурувач Информации за поврзувањето на електриката се дадени на плочката од внатрешната страна на вратата на машината за миење садови.
electrolux 23 Редење во корпата за прибор за јадење Монтажа ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Електричните и водоводните приспособувања потребни за местење на апаратот треба да ги изврши квалификуван електричар или водоводџија или компетентно лице. Смстување под работна маса (кујнска работна површина или мијалник) Отстранете ја сета амбалажа пред поставување на машината на место. Ако е можно, поставете ја машината до славина и одвод за вода.
electrolux Постапете вака: • Отстранете ја работната површина на машината со одвртување на двата задни шрафа за прицврстување, повлечете ја работната површина од задниот дел на машината и извлечете ги предните жлебови, кревајќи ја. Вметнете ја машината откако ќе ја нивелирате со помош на вртливите ногалки. При вметнување на машината, уверете се дека доводното и одводното црево не се превиткани или пригмечени.
electrolux 25 НЕ КОРИСТЕТЕ црева за поврзување што претходно биле користени со стар апарат. Овој апарат е опремен со безбедносни функции што спречуваат водата употребена во него да се врати во системот на вода за пиење. Апаратот е усогласен со соодветните водоводни прописи. Поврзување на одводот за вода Крајот на цревото за одвод може да се поврзе на следниве начини: 1. Во одвод за вода, со прицврстување од долната страна на работната површина.
electrolux Ако е потребно, заменете го штекерот. Ако треба да се замени кабелот за напојување, контактирајте со својот локален сервисен центар. Приклучникот мора да биде достапен по местењето на апаратот. Еколошки прашања Отстранете го Вашиот истрошен уред според прописите кои важат во Вашето место на живеење. Материјали за пакување Материјалите за пакување се еколошки и може да се рециклираат. Пластичните делови се идентификуваат по ознаките, на пр. >PE, >PS, итн.
electrolux 27
www.electrolux.